Евтината нафта и македонската индустрија. Кој добива, а кој губи?
Објавено на од во Компании

Засега од ниту еден сектор не добивме потврда дека се чувствуваат поголеми ефекти од намалената цена на нафтата. Сите тие оставаат простор дека доколку продолжи ваквата состојба работите на терен можат да се сменат во догледно време, но децидно се дека засега влијанието е минорно или никакво.

Најголемиот дел од македонските бизнисмени се уште не ги почувствувале ефектите од намалената цена на нафтата на светските берзи. Ова во изјави за Капитал го тврдат претставниците на различни сектори кои наменски ги анкетиравме за оваа анализа.

Сите тие оставаат простор дека доколку продолжи ваквата состојба работите на терен можат да се сменат во догледно време, но децидно се дека засега влијанието е минорно или никакво.

Производителите и преработувачите на пластика и полиестер би требало да се најзасегнати од цената на нафтата бидејќи енергенсот покрај за транспорт и загревање го користат и како инпут во производството.

Но, извршниот директор на Унипласт од Струга, Кристијан Ковачески вели дека ефектите од поевтините инпути веројатно се одложени во македонскиот случај.

„Точно е дека ние во производството користиме материјали кои се врз база на нафта но нашите добавувачи се уште ја немаат намалено цената на овие суровини што значи дека и ние не можеме да ја намалиме излезната цена на нашиот производ. Тоа не значи дека во иднина ова нема да се промени но засега ние ефекти не чувствуваме. Веројатно ако не слушаме на телевизија за нафтената војна нема ни да знаеме колку се е падната цената на нафтата“ вели Ковачевски.

Неговите ставови ги потврдува и Антони Пешев, претседател на собранието на Стопанската Комора на Македонија која обединува бизниси од најразлични сектори.

„Засега нема поголеми ефекти врз македонското стопанство, а такви не очекувам ни во претстојниот период“

Oil-DownЗошто не се чувствуваат ефектите?

Ако се анализира каде би требало најбрзо да се почувствуваат евентуалните ефекти од ниската цена на нафтата тоа е секако транспортниот сектор од кој се зависни најголем дел од македонските компании. Но, од асоцијацијата на шпедитери МАКАМ Транс веќе неколку пати излегоа со став дека е потребно повеќе време за цените на транспортот да се снижат.

„Превозниците кои што се движат низ Македонија се генерално задоволни од пониските цени на горивата. Но во меѓународниот сообраќај не е така оти секоја земја си има формирано своја цена. Па така просечната цена на горивата не им дава простор на транспортерите да се радуваат многу. За да се почувствуваат позитивни влијанија во формирање на транспортната цена, овие позитивни состојби ќе треба да се задржат барем два месеци“ изјави Биљана Муратовска, претседател на МАКАМ Транс.

Останатите претставници  од транспортниот сектор кои ги консултиравме потврдуваат дека вредноста на суровата нафта е на најниско ниво во последниве 13 години и дека тоа ќе ги намали  трошоците во нивните претпријатија но и дека нема да го поефтинат превозот. Според нив реалната причина за тоа е фактот декатранспортетите со години работат со минимални цени и дека вакви периоди традиционално се чекаат за да се покријат старите загуби.

Антони Пешев, пак, е со став дека транспортот учествува со многу мал процент во завршната цена, плус најголем дел од нашиот извоз кој е подложен на транспорт доаѓа од зоните кои не се зависни од македонските транспортери и македонската цена на нафтата. Пешев не очекува промени ниту во оние индустрии во кои нафтата е директна суровина.

„ Второ останаа многу малку производствени капацитети кои се зависни од нафтата, а и тие имаат зголемени трошоци за другите инпути што значи намалувањето на нафтата само ги носи на нула. И како трето оние индустрии кои ја користат нафтата како директна суровина, мислам на петрохемиската индустрија или да речеме производството на пластика, учествуваат со многу мал процент во целокупното македонско производство така да и од нив нема да почувствува некои поголеми промени“.

Цената е иста и за македонските фирми и за странската конкуренција

Во услови на глобална економија берзанските цени на нафтата се пресликуваат на малопродажбата скоро во сите земји во светот. Зависно од степенот на оданочување на енергенсите тоа некаде се чувствува помалку некаде повеќе но факт е  дека она што би го добиле македонските компании како поевтинување нивната конкуренција во странство веќе би го имала.

„Намалената нафта не е само за нас туку и за нашата конкуренција во целиот свет. Тоа е глобална берзанска цена и не гледам како ние тука би можеле да стекнеме некаква предност“ вели Кристијан Ковачески од Унипласт.

И останатите негови колеги од различни сектори се со сличен став како Ковачески , а најголем дел од нив не веруваат и дека вака ниската цена на нафтата ќе остане во сила уште многу долг период.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×