Фабриката „Гранд фуд корпорејшн“ денес официјално почна со работа
Објавено на од во Компании

Grand fudФабриката „Гранд фуд корпорејшн“ денес официјално почна со работа. Станува збор за домашна инвестиција која според надлежните е во вредност од 6,5 милиони евра и  според проекциите, ќе вработува 90 луѓе. Инаку, компанијата веќе има вработено 110 луѓе во дистрибутивните центри.

На отворањето на фабриката присуствуваа сопственикот на компанијата, Стојмен Јордановски, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Стваревски рече дека овие инвестиции се основата на една економија и поволни се за бизнисот во сите европски држави.

„ Новата инвестиција ќе отвори 90  работни места. А компанијата веќе има 110 други вработени во дистрибутивните центри. Тоа се 200 семејства или 800-900 лица кои просперираат врз основа на оваа инвестиција, рече министерот и додаде дека семејните бизниси кои отвораат нови работни места се најдоброто нешто што може да го направат за својата држава“, рече Ставрески.

Според градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ова е најголемата инвестиција која ќе придонесе за нови работни места.

„Бизнис-заедницата во Илинден од денес е побројна за уште еден член, побогати сме за уште една инвестиција, за уште еден фундамент за одржлив економски развој, рече Стојановски кој изрази задоволство што „Гранд фудс“ ја избра токму Илинден за нивна инвестициска дестинација“, рече гродначалникот Стојановски.

Сопственикот и основачот на „Гранд експорт“ од Скопје, Стојмен Јордановски истакна дека почетоците на оваа успешна семејна приказна датираат од пред 25 години и изрази задоволство што нивната визија станала реалност.

„ Го проширивме нашето деловно работење со изградба на сопствен производствен капацитет за кроасани. Со новата инвестиција обезбедивме нови работни места, обезбедивме младите луѓе и нивните семјества да им дадеме шанса да работат и да напредуваат во една мотивирана и економски просперитетна средина“, рече Јордановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×