Facebook ги откри своите планови со технологијата за виртуелна реалност
Објавено на од во hi-tech & business

Од Facebook открија во кој правец се движат нивните планови поврзани со купувањето на Oculus VR од страна на компанијата на Марк Закерберг. Oculus VR е компанија за технологија за виртуелна реалност, која Facebook ја купи за две милијарди долари, откако таа привлече внимание со очилата за VR, Oculus Rift.

На вчерашната конференција Code/Media, шефот на одделот за развој на производи во Facebook, Крис Кокс, проговори дека работат на апликации што ќе може да се користат на уреди за виртуелна реалност, меѓу кои и апликација за најпознатата социјална мрежа.

„Кога користите виртуелна реалност сфаќате дека гледате во иднината, а иднината ќе биде прекрасна. Додека сте на Facebook искуството го добивате во парчиња – слика, видео, мисла … Во виртуелната стварност ќе добиваме заокружена слика“, изјави Кокс.

Тој дополни дека корисниците на Facebook сами ќе можат да создаваат содржини, иако, не можеше конректно да објасни како, зашто сега креирањето содржини за Oculus Rift бара прилично солидна техничка опрема. Затоа побара трпение до времето кога идејата ќе профункционира.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×