Facebook има феноменален раст на приходите и на добивката
Објавено на од во hi-tech & business

Во сезоната на квартални финансиски извештаи за второто тромесечие од годинава, не може да се одмине оној на Facebook, особено поради феноменалниот раст на приходите и добивката.

За три месеци, од април до јуни, најголемата социјална мрежа остварила приходи од 9,32 милијарди долари, што е раст од дури 44,8% во однос на истиот период лани. Од тоа дури 3,89 милијарди се добивка, и во овој показател растот е молскавичен: 71%.

Најголем дел од приходите на Facebook се од реклама, а мобилното огласување станало главен извор на нивната добивка, и општо на растот во бизнис смисла. Дури 87% од сите огласи на Facebook се прикажани на мобилни апликации, а голем раст се бележи и од монетизацијата на видео записите кои однеодамна автоматски стартуваат во рамките на News Feed.  Нови приходи донел и Instagram, a влијанието на огласите пласирани преку Messenger допрва се очекува.

Интересна статистика по повод објавата на резултатите објави компанијата Pivotal Research. Според нивните податоци, денес кон Facebook и Google одат дури 99% од сите нови вложувања во интернет маркетингот, што значи дека без овие две компании интернет индустријата за огласување скоро и да не би растела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×