Facebook ќе ја објави апликацијата Notify деновиве, и може да направи тектонски промени во медиумскиот бизнис
Објавено на од во hi-tech & business

face newsFacebook до крајот на неделава ќе ја објави новата фамозна самостојна апликација, наречена Notify, пренесе Financial Times. Notify на корисниците ќе им овозможи да прегледуваат содржини пренесени од големите медиумски куќи. Апликацијата очигледно ќе им конкурира на Twitter Moments, а целта ќе ѝ биде да го олесни пронаоѓањето вести, и да ја намали густината на ваквите „не-меѓу-персонални“ содржини на „тајмлајнот“ на Facebook. Ова не е прв обид на компанијата на Марк Закерберг да стане фактор во медиумскиот бизнис – Instant Articles на мобилната верзија на Facebook доставуваше важни вести од девет големи портали.

Накратко, Notify на медиумските компании како Vogue, CBS и The Washington Post, ќе им овозможи едноставен начин на читателите и на потенцијалните читатели да им праќаат известувања за новообјавени текстови и други форми на содржина. Читателите ќе ги „кликаат“ и (ако сакаат) ќе ги читаат содржините (на мобилните уреди најверојатно преку споменатиот проект Instant Articles, ако издавачот е дел од соодветното партнерство со Facebook).

Најпознатата социјална мрежа очигледно игра на каратата дека многу медиумски компании се чини немаат време/ресурси/know-how, за да развијат и имплементираат мобилни страници што брзо ќе се вчитуваат и лесно ќе се прегледуваат/читаат. Затоа се подготвени да му дозволат на Facebook да се погрижи за тоа (и да им даде пристап до огромната база корисници на социјалната мрежа), а во замена да добие делење на приходите од реклама. Но, ризикот е што целта на ваквите понуди од Facebook е да ѝ завршат работа на компанијата на Закерберг – тука поединечните медиуми се само средство. Правилата ќе ги наметнува Facebook, вклучувајќи ја употребата на неговиот алгоритам за потенцирање или потиснување на одредена содржина според проценката како таа ќе влијае на ангажманот (на Facebook) на корисниците.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×