Компанијата ќе назначи 150 лица до крајот на годината во партнерство со ТЕЛУС Интернационал.

Најголемата веб-страница за социјално вмрежување на Фејсбук, официјално објави дека ќе отвори канцеларија во Софија за контрола и модерирање на содржини.
Центарот за преглед на содржини, како што се нарекуваат сличните канцеларии на Фејсбук ширум светот, ќе биде во партнерство со ТЕЛУС Интернешнл, една од најголемите аутсорсинг компании во Бугарија.
“Следната година околу 150 вработени ќе работат во овој центар за да ги прегледуваат содржините и ќе поддржуваат многу различни заедници во Фејсбук”, се вели во официјалното соопштение на компанијата.
Бројот на луѓе во канцеларијата ќе зависи од бројот на постови и фотографии што Фејсбук ги прима. Ако нивниот број се зголеми, социјалната мрежа повторно ќе работи со TELUS International за да регрутира нови луѓе.
Тимот во Софија ќе ги разгледува постовите на турски, руски и казахски јазик.