Facebook наскоро ќе има и апликација за групен видеочет
Објавено на од во Компании

Facebook-appДевелоперите на Facebook подготвуваат самостојна апликација за групен видеочет, објавува публикацијата The Verge, повикувајќи се на извори од компанијата.

Неодамна вработените во оваа социјална мрежа биле запознаени со новата апликација наречена Bonfire, која се очекува да излезе оваа есен. Засега од Facebook нема официјални информации за информациите објавени во медиумите.

Се очекува оваа апликација за групен видеочет да биде пуштена оваа есен. Станува збор за апликација која претставува своевиден клон на Houseparty, апликација создадена од компанијата Life on Air, како замена на мобилната стриминг услуга Meerkat.
Практика на Facebook e да ги одделува важните функционалности за апликациите за корисниците преку мобилни уреди. Таков е случајот со Facebook Messenger.Додека за корисниците на десктоп компјутерите овој чет е достапен во рамки на социјалната мрежа, корисниците на паметни телефони мораат да ја симнат соодветната апликација на својот уред, освен ако не ја изберат поограничената верзија на Facebook Lite.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×