Facebook развива и сопствена валута за плаќање
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

fmu03BROQ6Ojg5HMSo0L_Join_The_Largest_Facebook_Community_for_Blockchain_Crypto_Trends_...Дали шефот на Facebook ќе стане најголемиот централен банкар во светот?

Ако се остварат проектите за нови валути што ги развиваат дел од технолошките компании, меѓу кои е и Фејсбук, криптовалутите би можеле да доживеат нова ренесанса и решение на барем дел од проблемите што ги мачеа досега, а новите средства за плаќање би можле да значат сериозен удар за традиционалните банки и издавачи на платежни картички. 
Сите овие иницијативи се вртат околу тоа апликациите за размена на пораки да се интегрираат во платните системи кои би можеле да се користат за трансфер на пари помеѓу приватни корисници и за купување разни стоки или плаќање на услуги што ги нудат разни компании.

Ако се остварат проектите за нови валути што ги развиваат дел од технолошките компании, меѓу кои е и Фејсбук, криптовалутите би можеле да доживеат нова ренесанса и решение на барем дел од проблемите што ги мачеа досега, а новите средства за плаќање би можле да значат сериозен удар за традиционалните банки и издавачи на платежни картички.
Развојот на технологијата редовно носи промени во нашиот секојдневен живот и често зад навидум малите промени во секојдневните рутини, стојат коренити и големи разлики во традиционалните системи кои функционираат со децении или можеби со векови на ист начин. Индикации за еден од овие настани може да се прочитаат од низата на вести и информации што се објавени и испливаа во текот на изминатите месеци во врска со финансискиот свет, парите и начинот на плаќање.
Mark-Zuckerberg-Facebook-CoinКриптовалутите, меѓу кои е и најпознатиот биткоин, ги имаа своите петнаесетина минути слава пред повеќе од една година, благодарение на наглиот скок на нивната вредност, што привлече многу шпекуланти, но и просечни инвеститори кои сакаат побрза заработка.
Во меѓувреме, нивната вредност и атрактивност спласнаа, но далеку од тоа дека играчите во технолошката индустрија се откажааа од нив, а некои од нив, па и гиганти како Фејсбук, продолжуваат да развиваат нови системи со кои би можеле да ги разнишаат традиционалните столбови на финансиските системи.
Според штурите информации што се појавија во медиумите, Фејсбук работи на развивање на сопствена валута, а некоја нејзина верзија би можела да се појави веќе во првиот дел од годинава. Станува збор за еден вид копија на проектот кои претходно ги лансираа некои од конкуренти на Фејсбук. Така, компанијата која стои зад апликацијата Telegram, која се користи за размена на пораки преку паметни телефони и позната по тоа што прави големи напори да ја заштити содржината на тие пораки преку шифрирање и кодирање, минатата година „собрала“ над 1,7 милијарди долари за развој на нови сопствени валути.
Според најновите информации, проектот за оваа нова валута е пред завршување, а слична иницијатива беше лансирана и од независна компанија чиј финален производ може да се користи преку слична апликација за испраќање на пораки „Сигнал“.
Идејата на Фејсбук е сепак на едно сосема ново ниво, бидејќи е најпопуларна социјална мрежа во светот.
Сите овие иницијативи се вртат околу тоа апликациите за размена на пораки да се интегрираат во платните системи кои би можеле да се користат за трансфер на пари помеѓу приватни корисници и за купување разни стоки или плаќање на услуги што ги нудат разни компании. Интегрирањето со постојните услуги и апликации во рамките на Фејсбук ќе биде профитабилно за WhatsApp, Фејсбук Месинџер и Инстаграм и многу веројатно други услуги и производи, а би било дополнителна корист за постојните корисници.
Трансферот на пари и меѓународните плаќања досега беа претежно во сферата на традиционалниот финансиски свет на банките. Технолошкиот развој и иницијативите, како што се интернет-банките и мобилните плаќања, донесоа мала еволуција, но сè уште се базира главно на класичната инфраструктура. Постоечките услуги и апликации, како што се PayPal или популарната Венма, сè уште се во основа базирани на овие традиционални системи. Дури и веќе постојните примери на интеграција, како што се најпопуларната кинеска апликација за размена на пораки WeChat, која веќе им нуди на корисниците некој вид на сметка каде што можат да чуваат пари и со кои можат да вршат плаќања, се базираат на класични валути.
Клучната промена која ќе ја донесе Фејсбук, како и другите иницијативи, е дека станува збор за криптовалути, односно нови средства за плаќање. Криптовалутите и онака првично се замислени со цел да се избегне надзорот на централните институции во контролирањето на платежните трансакции и износот на пари во оптек. Но, за разлика од биткоинот и етерумот, а да не ги споменуваме стотиците други егзотични и непознати криптовалути, новите иницијативи се на пат да се справат со барем една голем проблем кој досега ги мачеше криптовалутите, а тоа е многу ограничениот бројот на места на кои можат да се користат Телеграм, според најновите информации, го користат околу 300 милиони корисници, а Фејсбук има вкупно 2,7 милијарди корисници на од целиот спектар на услуги.
Ако се создадат нови валути со толку многу корисници кои активно можат да ги користат во секојдневниот живот за различни плаќања, автоматски ќе се создаде нова директна конкуренција за банките и издавачите на платежни картички како Visа или Mastercard. Клучното прашање, се разбира, е вредноста на овие нови валути, бидејќи досегашното искуство со криптовалутите покажа многу високи осцилации во нивната вредност, што беше дополнителна причина заради која тие не беа атрактивни за секојдневна употреба.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×