Facebook: Рекламираните постови пред изборите во САД се поврзани со Русија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Интерна истрага во Facebook покажала дека стотици лажни профили од кои најверојатно е управувано од Русија биле користени за плаќање на реклами со цел засилување на политичките тензии во САД пред претседателските избори во 2016 година.

Околу 470 профили меѓу јуни 2015 и мај 2017 година потрошиле над 100.000 долари за рекламирање на објавите на лажни вести или на постови што упатуваат на страници со лажни вести, навеле од Facebook.

Со овие пари биле платени околу 3.000 реклами. Профилите и страниците што ги кршат правилата на Facebook се затворени, наведува шефот за безбедност на компанијата, Алекс Стејмос.

Според заклучоците на истрагата, „тие профили и страници, вака или онака се поврзани и најверојатно управувани од Русија“, вели Стејмос.

Според него, Facebook сака да утврди „постои ли врска меѓу руските напори (да влијаат на изборите) и платените реклами на Facebook“.

Компанијата наведува дека открила оти околу 50.000 долари биле потрошени за објава на 2.200 политички содржини од компјутери „чии профили имаат IP адреса во САД, но јазикот им е наместен на руски“. Од Facebook велат дека таквите профили не го прекршиле законот.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×