Facebook собирал податоци за контактите и SMS-пораките на корисници на Android
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако социјалната мрежа Facebook вчера објави извинување во американски и британски весници за скандалот со британската консултантска компанијаCambridge Analytica (CA), вебсајтот Ars Technica објави дека корисници провериле какви податоци се собирани за нив од страна на Facebook, и утврдиле дека тоа се имиња на контакти, телефонски броеви и SMS-пораки, собирани во тек на две или повеќе години од уреди со Android, пренесува AP.

Од Facebook изјавија дека информациите се складирани на безбедни сервери, и се користени само со знаење на корисници кои се согласиле да дадат пристап до нив.

Портпарол на Facebook изјави дека информациите не се споделувани со пријатели или со надворешни апликации, и се користат „за да се подобри комуникацијата на луѓето на Facebook“, така што ќе им се помогне да се поврзуваат со други луѓе. Од социјалната мрежа објавија на својот вебстајт дека никогаш не продавале податоци и не ја собирале содржината на SMS-пораките или разговорите. Но, портпаролот не одговори зошто е неопходно да се собираат податоци за телефонски контакти и SMS-пораки.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×