Фајнанс тинк: 18 % од работниците пријавени на минималец и земаат плата во кеш
Објавено на од во Компании

ГрадежништвоДури 17.8% од работниците во Македонија кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико во 2017 година, покажува истражувањето на „Фајнанс тинк“. „Плата во плико“ се кешот исплатен на работникот, основа на неформален (незаконски) устен договор со работодавецот, со што газдите за овие пари не ги плаќаат социјалните придонеси и даноци за државата.

„За работниците, ова е начин на неправедно плаќање и намалување на обемот на нивното социјално, здравствено и пензиско осигурување, како и вештачко намалување на кредитната способност“, стои во публикацијата на „Фајнанс тинк“.

Примателите на минимална плата се најпогодени од феноменот „плата во плико“, односно 62% работниците осигурани на минималец добиваат и кеш на рака. Истражувањето покажало дека во просек, платата во плико изнесува скоро исто колку и формалната плата на сметка, во 91% од случаите.

„Ова укажува дека постојат сектори и занимања на кои постои тенденција договорот за вработување да се склучи на минималната плата, со истовремен неформален договор, остатокот од платата да се добива во готовина. За формални плати над минималната плата, процентот на приматели на плата во плико драстично се намалува“, пишува во публикацијата.

Платата во плико е најзастапена кај работниците во градежништвото (мајсторите) со 28% и изнесува скоро половина од нивната формална плата. Потоа следуваат работници во услужните сектори. Работниците во Скопскиот регион имаат највисока плата во плико, а процентуално, според бројката на работници кои земаат пари на рака предничи Пелагонискиот регион, со 42%.

За намалување на проблемот од Фајнанс тинк посочуваат дека е потребен долгорочен напор насочен кон градење на т.н. општествен договор помеѓу државата, работодавците и работниците, воведување на казнени мерки, но и мотивација и едукација на работниците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×