Фајнанс тинк предлага итни реформи во пензискиот систем
Објавено на од во Економија

09 penzПензискиот систем треба да подлежи на структурна реформа, за да се постигне негова фискална консолидација во следните 5 до 10 години, изворниот дефицит да се преполови, а заштедите од централниот буџет би достигнале и до 403 милиони евра годишно до 20 години, препорачува Институтот за економско истражување Фајнанс тинк (Finance think).

Според нив, Владата треба да изврши структурна реформа на пензискиот систем, а товарот од реформата да биде споделен помеѓу генерации, преку комбинирани мерки од пораст на стапката на придонеси и границата за пензионирање. Притоа, порастот да е скалест и постепен, а поместувањето на старосната граница да води сметка за вработените во трудово – интензивните сектори и лицата со стаж подолг од 35 години.

Целта на ова истражување е да предложи дизајн на пензиска реформа и да ги испита фискалните ефекти и ефектите врз развојните индикатори: невработеност и сиромаштија, од потенцијална пензиска реформа во Македонија по 5, 10 и 20 години.

Според студијата на Фајнанс тинк, првите ефекти од  реформата би се почувствувале веднаш, а по пет години заштедите би се движеле околу 90 милиони евра годишно.

Се препорачува и усогласувањето на пензиите во претстојниот период да не биде поголемо од законскиот максимум, 50% од порастот на животните трошоци и 50% од порастот на платите.

„Секој вид дополнителни мерки кои ќе влијаат врз намалување на ефективната граница на пензионирање (зголемување на поволностите и олеснување на условите за бенефициран стаж, старосна пензија и слични поволности), и мерки кои ќе предизвикаат дополнителни оптоварувања на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, да се избегнуваат.

Иако фискалните ефекти од посилните индивидуални реформи (главно пораст на придонесите или пораст на старосната граница на пензионирање) и комбинираните реформи се слични, сепак комбинираните реформи даваат подобри резултати врз невработеноста и сиромаштијата, главно поради фактот што тие го распоредуваат товарот од пензиската реформа на засегнатите страни.

Реформата која води сметка за овие аспекти и е предлог реформа на пензискиот систем во овој труд вклучува: пораст на стапката на придонеси за два процентни поени веднаш (од 18% на 20%) и дополнителен 1 процентен поен по десет години, зголемување на границата на пензионирање за една година после пет години и дополнителна една година после десет години (вклучително и семејната и пензијата од бенефициран стаж).

Растот на старосната граница да води сметка и да има посебни поволности или подоцнежното одење во пензија да биде доброволно за вработените во трудовоинтензивните сектори и вработените со стаж на вработување поголем од 35 години.

Трошокот од порастот на придонеси потенцијално да се сподели помеѓу работодавачот и работникот.

До моментот на раст на старосната граница за пензионирање, да се воведат стимулативни програми за доброволно подоцнежно одење во пензија, преку воведување на дополнителна премија, повисока заменска стапка или еднократен надомест“, пишува во препораките на Фајнанс тинк.

Ефектите од симулираните сценарија покажаа дека предложените реформи може значајно да го намалат дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), и по 5 години тој би се движел од 1,5% до 3,1% од БДП, и од 0,7 до 3,3% од БДП до 20 години. Фискалните заштеди од реформите се движат од 10 до 193 милиони евра на годишна основа до 5 години, и до 403 милиони евра до 20 години. Ефектите од симулираните сценарија врз сиромаштијата и невработеноста се поволни, но интензитетот е различен, смета Фајнанс тинк.

Дефицитот во пензискиот систем во Македонија – разликата помеѓу изворните приходи и вкупните расходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – има тренд на раст, и во 2016 година достигна 26,6 милијарди денари, или 43% од вкупните расходи на Фондот, или 4,5% од БДП, додека, трансферите од централниот буџет се зголемија за 1,8 пати за период од десет години.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×