„Фајненшл Тајмс“: Ветото на Макрон е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ
Објавено на од во Политика
Францускиот претседател Емануел Макрон направи „историска грешка“ со ставањето вето на започнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, но ова противење на Париз во никој случај не е поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција, оценува „Фајненшл Тајмс“.
financial times„Ставот на Франција е совршено јасен: се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, неопходни за напредокот на европската интеграција, не треба да има ново проширување“, смета лондонскиот весник.
Според „Фајненшл Тајмс“, Франција би можела да го укине ветото за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.
Ако биде прифатено ваквото барање на Франција, според весникот, повеќе не би имало причина да се одлага процесот на проширување на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×