Факти кои (највероjатно) не сте ги знаеле за “КУМ“
Објавено на од во lifestyle

Ремек делото на светската кинематографија филмот “КУМ“, неофицијално е прогласен за најдобар филм на сите времиња. Ви пренесуваме неколку пикантерии околу подготовките и за време на самото снимање, кој ќе ви го задржат Вашето внимание.
The_Godfather_IlPadrino_2_by_donvito62Во воведното отварање на филмот, во првата сцена Дон Вито Корлеоне (Марлон Брандо) држи мачка во рацете. Таа никогаш не е пронајдена во книгите за снимање на филмот. Режисерот Френсис Форд Копола, мачката ја пронашол дента во студиото на Парамаунт и решил да импровизира во сцената со неа и Брандо. Звуците кои ги испуштала, влакната што ги оставала на скапото одело кое го носел Брандо и неговото неснаоѓање со “новиот актер“, поприлично го продолжило времето на снимање на самата сцена. Но, Копола бил упорен и инсистирал на присуството на мачката, како дел од психолошкиот профил на Вито.

Сепак таа не била сцена што најдолго се снимала. Цели 4 дена се снимала сцената кога Сони (Џејмс Кан) го претепува својот зет за сестра Карло (Џани Русо). Во сцената се употребени преку 700 оригинални детали од тоа време до идеално одигрување на “кореографијата“ на тепање.

Многупати сме слушнале како многу славни глумци ја одбиле улогата на Мајкл Корлеоне, како неатрактивна и компримитирачка, но вистината е сосема друга. Роберт Де Ниро, Дастин Хофман, Џек Николсон и Ворен Бити буквално “коленичеле“ и молеле преку своите агенти за било каква улога во филмот, учествувајки на сите кастинг аудиции за поедини улоги.

kum
936full-the-godfather-part-ii-screenshot

Роберт Де Ниро како младиот Вито Корлеон, во второто продолжение од “КУМ“

Продуцентите и Копола сепак се одлучиле за младиот и надежен талент, Ал Пачино. Оваа “битка“ за улогите придонело да хонорарите на сите глумци бидат екстремно ниски за тогашните суми во Холивуд. Ал Пачино, Џејмс Кан и Дајана Китон добиле за тоа време “мизерни“ 35.000 долари, а Роберт Дувал бил најплатен со 1.000-ка повеќе. Само за споредба. Копола во време на припремите на филмот, решил да сними документарец за животот на италијанците во САД во квартот Little Italy. Првиот ден веќе им бил украден камион со филмска опрема од еден милион долари. Парамаунт не биле премногу “потресени“ поради оваа штета. Важно било само Копола да ја добие вистинската визуелизација за филмот. За снимањето на продолжението “КУМ-2“, ситуацијата била сосема друга. Само Ал Пачино добил “рекордни“ 600.000 долари хонорар. Од сите актери кои учествувале на кастингот, најупорен бил Де Ниро и на крај му се исплатило. Бил ангажиран за улогата на младиот Вито Корлеоне во вториот дел на “КУМ“. Но, никогаш неможел да му опрости на Ал Пачино “како тоа тој да ја добие“ улогата што толку ја посакувал. Од тогаш, нивната “меѓусебна нетрпеливост“ трае до денешен ден и за филмската јавност се сметат за двајца актери кои не комуницираат меѓу себе. Но, ова е интересна приказна за другпат.

Annex - Sinatra, Frank_07

Френк Синатра

Сепак најинтересна е легендата за Френк Синатра и неговите напори да ја добие улогата на Мајкл Корлеоне. Од позиција на светска позната актерска и пејачка ѕвезда во комбинација со неговата “близина“ со мафијата, агресивно се обидувал да ја добие саканата улога. Луѓето од Парамаунт не сакале да слушнат. Синатра убеден дека ликот на Мајкл е  само за него се обидел со “силата на парите“ да ги откупи правата за снимање на филмот и секако да го убеди Копола со “добар кеш“ дека они двајца најдобро ќе го реализират ова ремек дело. Копола место да прифати, добил инспирација за нов лик, Џони Фонтејн глумец и пејач, “кумче“ на Вито Корлеоне кој бара асистенција од фамилијата за улога во Холивуд. После ова, Френк Синатра на сите можни начини се обидувал да го оцрни филмот, мрзејки го до крајот на својот живот.

al martino

Сите кои го гледале филмот (најголем дел по неколку пати), се сеќаваат на сцената како е убеден режисерот на филмот да го земе Џони Фонтејн за главен глумец. На актерот Џон Марли (“арогантниот“ режисер) му било објаснето дека во креветот ќе има имитација на коњска глава и вештачка крв. Но, генијалниот Копола му става оригинална коњска глава земена од околната кланица, сеуште топла, без да знае. Резултатот бил, оригинален врисок на Марли и неповторлив начин на “убедување од прва“, снимена само еднаш.

Orson Welles

Орсон Велс

Уште еден генијален глумец и режисер бил спремен на сè, за да ја добие улогата на Вито Корлеоне. Орсон Велс бил спремен да ослаби и 30 килограми, само да го глуми овој лик. Но, мпровизацијата на Брандо на кастинг аудицијта со памук во жлебините на вилицата и добивањето на оригинален лик “like a bulldog”, го “соборила од столче“ на Копола. Не барал повеќе друг актер. Изборот бил направен. Сепак тука започнале “проблемите“ на Брандо. Била направена специјална протеза-вилица која заедно со останатата шминка требала да се става 3 часа секој ден.

1x37TlbОд аспект на визуелни ефекти, најсложена за снимање (за тоа време) била сцената на убиството на Сони. Биле употребени 127 експлозивни полнења поставени на телото на Џејмс Кан како актер на ликот кои требале да прикажат исто толку погодоци на проектили од огнено оружје со распрскување на вештачка крв. Било сложено, како во темпирање на времето, така и можноста од повреда на самиот Кан. Погледајте ја оваа легендарна сцена уште еднаш:

2 thoughts on “Факти кои (највероjатно) не сте ги знаеле за “КУМ“

  1. “Копола место да прифати, добил инспирација за нов лик, Џони Фонтејн глумец и пејач, “кумче“ на Вито Корлеоне кој бара асистенција од фамилијата за улога во Холивуд“.

    Копола не се инспирирал од тоа, туку ликот на Џони Фонтејн веќе ГО ИМА во книгата “Кум“, според кој е направен филмот. Во книгата, ликот на Џони Фонтејн, дури има и многу поголемо присуство отколку ликот во филмот.

    1. Марија благодариме за сугестијата. Се согласуваме дека терминот “нов лик“ за Џон Фонтејн е несреќно одбран. Истиот е присутен во книгата на Марио Пузо. Поентата беше да се прикаже нервозата на Френк Синатра и неговите напори да влијае врз екранизацијата на сценариото според книгата поради неоспорниот факт дека Пузо преку ликот во книгата на Фонтејн го прикажал ликот на Френк Синатра. Откако неуспеал да го придобие Копола на своја страна, понатаму Синатра вршел притисок врз многу актери да го бојкотираат филмот, а самиот во меѓувреме ширел негативна пропаганда во американската јавност, “злоупотребувајќи“ ја својата популарност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×