Falcon Heavy спремна да полета кон Марс со Tesla Roadster во багажникот, и со музичка илустрација од Боуви
Објавено на од во hi-tech & business

Неодамна бизнис магнатот, инвеститорот, инженерот и иноваторот Илон Маск, изјави дека неговата SpaceX на својата нова ракета Falcon Heavy ќе го натовари автомобилот Tesla Roadster од првата генерација, и сето тоа, со звуците на песната Space Oddity од Дејвид Боуви, ќе го лансира кон Марс.

Се чини дека овој план засега оди прилично добро, ако се заклучува според фотографиите што на Twitter ги објави Маск. Capture 2

На фотографиите е ракетата Falcon Heavy која моментално се наоѓа во хангар на Флорида, во Kennedy Space Center на Cape Canaveral. Од сликите се гледа (колку што може да заклучи лаичко око) дека ракетата е склопена скоро до крај. Следи тестното стартување на моторот (на сите 27 од видот Merlin 1D). Capture 1

Falcon Heavy кога ќе биде комплетирана ќе биде висока 70 метри, а во орбитата ќе може да понесе и над 60 тони товар. Првото лансирање на ваков вид ракета (со Roadster-от во багажникот и со мисија насочена кон Марс) би требало да се случи веќе во јануари.

Потоа, во текот на 2018, би требало да има и историско лансирање на ваква иста ракета, но со Dragon Crew капсула. Во неа, според најавите, ќе има двајца вселенски туристи кои на SpaceX за тоа му платиле „одредена сума“ (под што, секако, се подразбираат многу пари) за да бидат дел од кружно патување околу Месечината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×