Фараж: Брегзит ќе биде одложен
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Излегувањето на Велика Британија од Европската унија повторно ќе биде одложено бидејќи обидот на премиерот Борис Џонсон да склучи нов договор со Брисел, ќе биде одбиен од Парламентот, изјави лидерот на Партијата за Брегзит Најџел Фараж.
бреџитТој оцени дека излегувањето на Велика Британија од Унијата на 31 октомври е доведено во прашање бидејќи политичката елита во Лондон планира да го „предаде“ референдумот од 2016 година, кога Британците гласаа 52-48 отсто за напуштање на ЕУ.
Тој оцени дека земјата се наоѓа во најголемиот судир од граѓанската војна во 17 век, а Џонсон ризикува да ја уништи својата Конзервативна партија со обидите повторно да ги подрее надежите за нов договор, по неуспешниот обид на неговата претходничка Тереза Меј.
– Значи, нема да заминеме на 31 октомври и тогаш навистина ќе запловиме во неистражени води – дали Парламентот ќе наметне втор референдум или општи избори, навистина не знам, изјави Фараж.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×