ФБИ за пробивање на iPhone заштитата платило 900 илјади долари
Објавено на од во hi-tech & business

Познато е дека ФБИ успеа да ја пробие заштитата на Apple iPhone 5c мобилниот телефон, што му припаѓал на еден од извршителите на терористичкиот напад од 2015 година во американскиот град Сан Бернардино.

ФБИ претходно, во тек на неколку месеци од 2016, поради одбивањето на соработка од страна на Apple, безуспешно се обидуваше да го отклучи телефонот. На крајот успеа да ја заврши работата со надворешен софтвер што го купи од неименувана компанија.

Досега не беше познато колку пари на даночните обврзници ФБИ потрошило на софтверот за отклучување, но благодарение на сенаторката Дајан Фејнштајн откриено е дека за целта се издвоени 900 илјади долари, што е помалку од она што се шпекулираше (1,3 милиони долари).

Со оглед дека документите за случајот и натаму се класифицирани, останува непознато каков софтвер е користен при отклучувањето на Apple iPhone 5c.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×