Федералните резерви подготвени да ги намалат каматните стапки
Објавено на од во Економија
Гувернерот на Централната банка испраќа сигнал дека овој месец може да има пад на каматните стапки.
федГувернерот на Банката на федерални резерви Џером Пауел изјави дека ризиците пред американската економија продолжуваат да постојат во позадината на намалувањето на бизнис инвестициите поради трговските тензии и особениот послабата инфлација.
Откако раководството на ФЕД се сретна во јуни, “изгледа несигурноста околу трговските спорови и падот на силата на глобалната економија и понатаму натежнуваат врз прогнозите за американската економија”, вели Пауел во однапред подготвен коментар пред американски пратеници во средата. “Инфлациските притисоци се разнишани”, рече тој, цитиран од Блумберг.
Полугодишниот извештај на Пауел ја поддржува визијата на пазарот дека централната банка се подготвува да ги намали трошоците за кредитите на претстојната средба на 30-31 јули независно од силните податоци за пазарот на труд во јуни.
Трговците ги зацврстија очекувањата за намалување на каматата овој месец.
Пауел го започна својот говорот потврдувајќи го мандатот на централната банка за максимално вработување и стабилни цени, како и нејзината “независност”, наведувајќи дека тоа доаѓа со потребата од транспарентност и одговорност.
Пауел, исто така даде објаснување и за причините за промената во ставовите на Комисијата за отворените пазари од оваа година, во која се посочува кон олабавување на монетарната политика, откако ги зголемија каматните стапки четири пати во текот на 2018 година. Гувернерот на Банката на федерални резерви забележува дека постојат спротивни трендови кои “создаваат поголема неизвесност”. И покрај сегашното примирје во трговската војна меѓу САД и Кина, Пауел ги повтори ризиците во својот извештај.
“Економската инерција изгледа се забавила во некои водечки странски економии и тоа слабеење може да се одрази на американската економија. Во прилог, голем број владини проблеми треба да бидат решени, вклучувајќи го и развојот на комерцијалниот фронт, максимумот на федералниот долг, Brexit”, посочува уште Гувернерот.
Според него банкарите внимателно ги следат случувањата во економијата, вклучувајќи го и ризикот по слабата инфлацијата кој се покажува како “постабилен отколку што очекуваме во моментов”.
Во прилог, банкарот забележува и на слабеењето на бизнис инвестициите, одложеното забрзување на глобалниот раст, како и намалените инвестиции во домувањето и слабото индустриско производство.
Пауел, исто така, забележува дека додека пазарот на трудот останува во добра форма, придобивките не се исти за сите. Тој како за пример ги дава афроамериканците и Латиноамериканците кај кои нивото на невработеност остануваат над оние за белите Американци и азијците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×