FedEx ја тужи владата на САД за попречување на бизнисот со „поцрнувањето“ на Хуавеј
Објавено на од во Економија
FedEx ја тужи американската влада, тврдејќи дека ставањето на црната листа на Huawei ги крши уставните права на домашната компанија и ја става “помеѓу чеканот и наковалната”.
Fedex-Express-Envelopes-1000x640FedEx ја тужи администрацијата на Трамп, велејќи дека е “практично невозможно” да се придржува кон нејзините ограничувања за трговијата со Huawei и други компании на црната листа.
„Отворајќи милиони пакети секој ден за да се проверува дали тие содржат предмети кои подлежат на царини, не е изводливо“, вели FedEx во жалбата.
Изборот со кој се соочува комапнијата е или да отфрли голем дел од својот бизнис или да ги прекрши правилата и да се соочи со строги казни.
Како резултат на тоа, тврди дека ограничувањата за извоз го нарушуваат правото што произлегува од Петтиот амандман, и ја поставува компанијата  “помеѓу чеканот и наковалната”.
Администрацијата на Трамп минатиот месец го додаде Huawei на својата листа, забранувајќи им на американските компании да прават бизнис со кинескиот технички гигант без специјални извозни лиценци. На црната листа, минатата недела, се најдоја уште неколку кинески компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×