„Фејсбук“ евакуираше четири згради поради сомнителна пратка
Објавено на од во Компании
Компанијата „Фејсбук“ синоќа ги евакуираше вработените од четири нејзини згради поради сомневање дека двајца нивни колеги биле изложени на нервниот гас сарин, кој бил спакуван во поштенска пратка упатена до седиштето на компанијата во Силиконската долина.
facebook-1-hacker-way-750x375Џон Џонсон, претставник на противпожарната служба на калифорнискиот град Менло Парк, изјави дека вработените кои биле изложени на сомнителниот пакет, засега не покажуваат никакви симптоми.
Според него, компанијата секојдневно ја тестира секоја пошта заради можно присуство на несакани материи, а откако е откриено дека една пратка е сомнителна, стандардна процедура била прекината.
Портпаролот на компанијата Ентони Харисон рече дека по откривањето на сомнителната пратка, четири  згради на „Фејсбук“ биле евакуирани и дека полицијата во моментов води истрага.
Засега, како што рече тој, три од четирите евакуирани згради биле темелно истражени и дадено е зелено светло вработените да се вратат во нив.
Долготрајната изложеност на моќниот боен отров сарин, кој исто така се користи како хемиско оружје, може да биде фатална.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×