Фејсбук ги објави партнерите со кои развива сопствена криптовалута
Објавено на од во Економија
Фејсбук тивко ја гради својата криптовалута повеќе од една година, и изгледа дека тоа време е добро искористено, ангажирајќи ја поддршката на некои од најистакнатите компании во плаќањата, малопродажбата и технологијата.
libra-map-watermark-the-block-449x450Како што неодамна објави “Волстрит џурнал”, криптовалутата на Фејсбук ќе биде управувана од конзорциум од фирми познати како Libra Association, која ги вклучува Visa, MasterCard и PayPal. Меѓутоа, блокот доби во свои раце маркетиншки материјали за конзорциум и сега може да пријават десетици фирми кои претходно не биле вклучени, вклучувајќи ги и инвеститорите како Andreessen Horowitz и Union Square Ventures, берзата за криптовалути Coinbase и непрофитни организации како Mercy Corps.
Calibra, подружница на Фејсбук, е формирана со цел да ги надгледува крипто-напорите на гигантот меѓу социјалните медиуми (FB), е исто така меѓу основачите, според извор кој е запознат со ова прашање.
Во прилог целосна листа на членовите на Libra Association, која Facebook ќе ја објави денес
Лице запознато со ситуацијата, изјави дека Фејсбук им наложил тарифа на некои членови од 10 милиони долари за да управуваат со својот јазол ( node ), што им овозможува на членовите да пристапат и да ја гледаат мрежата. Првично компанијата имаше амбиции да се вклучи на Вол Стрит, но не наиде на доволно интерес кај институционалните гиганти како Goldman Sachs и JPMorgan. Libra Association сеуште бара да има 100 членови во управувачката структура, изјави изворот.
Еве што знаеме за проектот:
Ова финансирање од членовите на конзорциумот ќе ја поддржи крипто-валутата, која ќе биде поврзана со кошница од валути.
Доколку е успешна, Фејсбук би можел да издвои една милијарда долари од 100 компании за кои се надева дека ќе бидат вклучени во проектот. Секој од овие јазли (nodes) исто така, наводно, ќе добие место во Libra Association како оператори на јазли, испраќајќи претставник во конзорциумот.
Извештаи за криптовалутата на Фејсбук почнаа да циркулираат во мај 2018 година, кога Cheddar објави дека гигантот на социјалните медиуми почнал да се интересира во блокчејн индустријата речиси една година претходно. Фејсбук потоа го најави Дејвид Маркус, потпретседател на апликацијата Messenger и некогашен член на одборот на Coinbase, ќе ги води напорите на компанијата во блокчејн трансформацијата. Пред назначувањето на Маркус, Морган Белер, член на корпоративниот тим за развој на Фејсбук, беше единствениот вработен што го проучувал и работел блокчејнот.
Оттогаш, Фејсбук го прошири проектот и се зголемија активностите со секој чекор што компанијата ги превзеде во блокчејн сверата.
Во мај оваа година, Фејсбук ја регистрира Libra Networks LLC во Женева, Швајцарија, каде што работи на блокчејн развој, според регистарот на дејности во Швајцарија. BBC подоцна објави дека компанијата е со интенција за лансирање на монетата во првиот квартал наредната година ( Q1 2020 ) и планира да започне со тестирање подоцна оваа година, пред да започне со примена во во десетина земји.
Пред објавувањето на соопштението, компанијата објавува огласи за од блокчејн сверата.
Монетата ќе може да се користи како начин за плаќање на апликации за размена на пораки, меѓу другото. Во декември, Bloomberg објави дека монетата ќе им овозможи на корисниците да префрлаат пари преку услугата за испраќање пораки WhatsApp. New York Times објави неколку месеци подоцна во февруари оваа година дека проектот се преселил во правец каде што Фејсбук размислувал за продажба на проектот на потрошувачите и бил во разговори со крипто-берзи.
Ако тоа е вистина, и постои побарувачка, според една студија од LendEDU, која откри дека монетата може да примами нови корисници на криптовалути, и може да биде зајакната со употреба преку функцијата Marketplace на Фејсбук.
Иако допрва треба да се објави, проблемите со регулацијата веќе се појавија. Во пресрет на извештајот на Wall Street Journal дека Фејсбук ги регрутирал инвеститорите за започнување на криптовалутата, американските сенатори на Комитетот за банкарство упатија отворено писмо до основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, барајќи информации како точно ќе функционира монетата, меѓу другите проблеми. Комисијата за тргување со стокови фјучерси (CFTC), исто така, изјави за “Фајненшал тајмс” дека била уклучена уште од почетокот на разговорите со Фејсбук и дека не е поднесена формална апликација. Комесарот за CFTC, Кристофер Џанкарло, рече дека телото сѐ уште размислува дали криптовалутата на Фејсбук ќе падне под јурисдикција на неговата агенција.
Фејсбук, исто така, го донесе лондонскиот лобистички лидер Ед Боулс , вработен во UK Standard Chartered како нејзин директор за ПР за да ја поттикне крипто-валутата, изјави Financial Times.
Подолу е нашата карта на Facebook’s Libra Association, разглобена по индустрии.
libra-tb-map-watermark-the-block-795x450Blockchain
Coinbase – криптовалутен паричник и платформа за размена
BisonTrails – компанија за инфраструктура-како-услуга. Нивната платформа овозможува разновидни функции, вклучително и стекнување, потврдување, гласање, трансакција и обезбедување на блокчејн протоколи
Xapo – криптоувален обезбедувач на услуги
Anchorage – депо за складирање на дигитални средства
Е-трговија
Ebay – е-трговија – корпорација која им овозможува на потрошувачите и бизнисите продажба преку својата веб-страница
Mercado Pago (MercadoLibre) – Аргентинска платформа за е-трговија инкорпорирана во САД со онлајн пазар и аукција
Farfetch – онлајн платформа за луксузна мода
Инвестициски фирми
Andreessen Horowitz – инвестициона фирма за ризичен капитал основана од Марк Андерсен и Бен Хоровиц
Union Square Ventures – инвестициона фирма за ризичен капитал со седиште во Њујорк
Creative Destruction Lab – програма за seed-stage научни компании
Ribbit Capital – инвестициона фирма за ризичен капитал која инвестира во компании од рана фаза
Thrive Capital – фирма за ризичен капитал фокусирана на инвестиции во интернет и софтвер
Непрофитен сектор
Women’s World Banking – мрежа од 40 независни институции за микрофинансирање и банки кои обезбедуваат поддршка за претприемачите во неразвиениот свет со акцент на жените
Kiva – 501 непрофитна организација која им овозможува на корисниците да позајмуваат пари на претприемачи со ниски примања во повеќе од 80 земји преку својата платформа
Mercy Corps – глобална организација за хуманитарна помош која обезбедува поддршка за региони погодени од катастрофи, без разлика дали тие се економски, еколошки, социјални или политички
Плаќања
Visa-платежна технолошка компанија
Stripe, технолошка компанија каде што бизнисите можат да испраќаат и примаат плаќања преку интернет
PayPal – управува со светски платежен систем
PayU – им помага на онлајн бизнисите со прифаќање и обработка на плаќања
Mastercard – давател на глобални плаќања
Транспортен сектор
Lyft – транспортна компанија која нуди возење со делење ( ride-sharing )
Uber – платформа за споделување на возења
Социјални медиуми
Фејсбук (Calibra) – подружница на Фејсбук создадена за Libra
Телекомуникации
Vodafone – британска мултинационална телекомуникациска компанија
Illiad – француски телекомуникациски оператор
Booking Holdings – давател на онлајн услуги за и при патување
:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×