Фејсбук растура: приходите скокнаа за 47 %, профитот за 56%, а бројот на огласувачи надмина 6 милиони    
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

FacebookФејсбук заработил 13 милијарди долари приходи во четвртиот квартал од 2017 година, што е 47 % повеќе отколку во истиот период пред една година, а силен раст има и добивката на најголемата социјална мрежа во светот.

Според бизнис извештајот објавен во средата, нето добивката на Фејсбук во претходниот квартал достигна 4,3 милијарди долари, што е за 20% повеќе од пред една година.Притоа, приходите од огласување се зголемени за 50%, на 12,78 милијарди долари, при што приходите од огласување  на мобилни уреди учествуваат со 89 % од вкупниот приход од огласување, додека пред една година учеството  беше 84 %.

Компанијата објави дека повеќе од 70 милиони компании во светот ја одржуваат официјалната страница на Фејсбук, а повеќе од 6 милиони компании се  рекламираат на Фејсбук. Огласувачите веќе долго време ги пренасочуваат парите од телевизија кон рекламирање на веб и мобилни платформи, а Фејсбук е една од компаниите кои имаат најголеми придобивки од тој тренд, иако на мобилниот видео пазар се соочува со жестоката конкуренција од Snapchat и YouTube, кои исто така привлекуваат милиони посетители секој ден.

Аналитичарите проценуваат дека приходите од реклами на Фејсбук оваа година ќе достигнат 53,8 милијарди долари, па оваа социјална мрежа ќе биде најголемиот продавач на реклами во светот после Google. Според податоците од финансискиот извештај, на крајот од изминатиот вартал, Фејсбук имал 2,13 милијарди активни месечни корисници ширум светот, додека кон социјалната мрежа дневно пристапувале 1,4 милијарди луѓе, што е за 14% повеќе од претходната година.
Во текот на 2017 година, приходот на Фејсбук се зголеми за 47%, на 40,65 милијарди долари, при што нето добивката на компанијата која скокна за 56%, на речиси 16 милијарди долари.

“2017 година беше силна година за Фејсбук, но и тешка”, порача во извештајот  Марк Закерберг, извршен директор кој го основаше Фејсбук во 2004 година.

Според бизнис резултатите, скандалот поради лажните реклами на Фејсбук платени од Русија, преку кој имало обид да се влијае на претседателските избори во САД пред повеќе од една година, не влијаел на финансиските перформанси на оваа социјална мрежа.

ZakerbergНо, Фејсбук неодамна објави дека ќе ангажира нови вработени за борба против лажни реклами и најави други мерки за зголемување на безбедноста на оваа социјална мрежа. Поради оваа причина, меѓу другото, во четвртиот квартал, трошоците на компанијата се зголемија за 34% за период од една година, на 5,6 милијарди долари.

Фејсбук, исто така, објави дека промените во News Feed доведоа до намалување на времето што корисниците го трошат на социјалната мрежа за околу 50 милиони часа дневно во споредба со претходниот квартал, што предизвика дискусии меѓу аналитичарите.

Но, Закерберг рече дека компанијата презема многу сериозна дебата за корисноста на социјалните медиуми и сака да обезбеди дека времето поминато онлајн има “повеќе смисла”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×