Фејсбук веќе 15 години ја формира интернет и он-лајн културата
Објавено на од во Економија

Приказната на Фејсбук може да се гледа како на клише американски успех: стартап започнат во универзитетски кампус, кој во моментов е еден од десетте најголеми компании во светот. 

facebook2

Социјалната мрежа на Фејсбук вчера наполни 15 години. Делото на Марк Закерберг, кое започна како социјална мрежа за дружење на студентите во САД, наречено The Facebook, сега е име кое буди силно поларизирани мислења. Поради огромниот обем, неговиот бизнис модел и неговото влијание врз општествата на глобално ниво, Фејсбук е една од највозбудливите корпоративни приказни за дигиталната економија.

Денес, точно 15 години по неговото создавање (основано на 4 февруари 2004 година), Facebook има 2,3 милијарди корисници кои ја користат мрежата најмалку еднаш месечно. Од нив, секој ден се користат 1,5 милијарди профили, и ако ги земеме предвид сите апликации во сопственост на Фејсбук: Messenger, WhatsApp и Instagram, компанијата има 2,7 милијарди месечно активни корисници. Компанијата со сличен број на клиенти досега не постоела.

Освен културен феномен, Фејсбук е пред сè вистинска машина за пари – со приходи од 55 милијарди долари за 2018 година и профит од 22 милијарди долари. Скоро целиот промет на компанијата доаѓа од реклами, но затоа најголем дел од критиките ги добива токму поради рекламите.

Социјалната мрежа им овозможува на сите да рекламираат таму, со повеќе алатки за насочување кон специфични демографски профили на корисници. Ова ја прави мрежата особено погодна за политички кампањи. Наводите дека Фејсбук преку својата платформа се обидела да интервенира во американските избори во 2016 година, како и неколку скандали што се појавија во врска со аналитичката куќа Кембриџ Аналитика, сето тоа влијаеше врз имиџот на компанија.

Друга голема критика на Фејсбук е тоа што не го дистрибуира огромното богатство кое го има на располагање. Со приход од 55 милијарди долари минатата година и пазарна капитализација од 472 милијарди долари, Фејсбук има само 32.000 вработени – со 40% зголемување на персоналот во текот на изминатата година.

Фејсбук ја започнува својата 16-та година по досега најлошите 365 дена во својата историја. Дури и по кошмарната 2018 година, компанијата останува составен дел од секојдневниот живот на една четвртина од светското население.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×