Фејсбук за три месеци затворил над две милијарди лажни профили
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Проблемите на Фејсбук со лажните профили се сè поголеми, па така, според нивниот нов извештај за транспарентност, само оваа година социјалната мрежа затворила над две милијарди профили.
facebook-1-796x431Раководството на Фејсбук соопшти дека оваа година има драстично зголемување на бројот лажни профили на оваа мрежа. Во текот на првото тримесечје од 2019 година, затворени се 2,19 милијарди профили, речиси двојно повеќе од истиот период лани. Во првиот лански квартал, биле угасени 1,2 милијарди профили.
Заменик-претседателот на Секторот за интегритет на Фејсбук, Гај Росен вели дека се работи обично за т.н. спамери и ботови кои, заради свои цели и агенди, се обиделе одеднаш да отворат повеќе профили.
Фејсбук може автоматски да ги угаси овие видови лажни профили во мигот кога тие се создадени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×