Фељтон: Запознајте ги етничките заедници во Македонија – Власите не се ниту Романци ниту Грци- туку еден од нај- автохтоните и најстари народи на Балканот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Магазинот “Капитал” започнува фељтон кој преку длабоко и коренито истражување на историјата ќе се обиде да придонесе за подобро разбирање на актуелните состојби во државата и секако преку тоа барем минимално да влијае на подобра заедничка иднина на сите кои живеат во земјава. Конкретно, иако Македонија од секогаш се промовирала како космополитска земја и територија, секогаш владеела сериозна недоверба помеѓу различните етнички групи. Една од главните причини за ваквата недоверба отсекогаш била недоволното знаење на мнозинството население за историјата, традициите, навиките и сфаќањата на другите етнички заедници.
“Капитал” како многу пати досега визионерски сака да се издигне над општото колективно сивило и на нашите читатели од различни етнички заедници да им помогне во проучувањето, спознавањето и најважно од се, разбирањето на нивните соседи со кои заеднички живеат со векови. Сметаме дека со ваквиот пристап не само што ќе придонесеме за поголема читаност на нашиот магазин, туку и ќе поттикнеме сериозна расправа во јавноста околу еден од клучните проблеми на меѓуетничките односи во Македонија, а тоа е фактот „колку ние навистина не се познаваме еден со друг“

Vlachs
Власи- продолжение број 1:
Историја и потекло на етничката заедница

Тезите дека влашката националност е само романска дијаспора или грчка „оставштина“, покрај тоа што се научно погрешни, за добрите познавачи на состојбите изгледаат смешни. Точно е дека оваа националност има големи сличности со многу од народите на Балканот, но тоа исклучително се должи на нејзините прастари корени на овие простори кои датираат уште од периодот на антиката. Ова е засега единствената докажана научна вистина, а се останато е моментален интерес и пропаганда со задни намери.

 34a03e68eb722586310aa2602f8bfff1“Капитал” дојде до последните научни обиди за истражување на генетското потекло на Власите направени во 2006 година со цел да се утврди дали оваа етничка група е наследник на Латинизираните Дакијци, Илири, Тракијци, Грци или комбинација од сите нив. Како и во многу други случаи на вакви истражувања на Балканот, ниедна хипотеза не можела да се докаже како точна поради високиот степен на генетска сличност генерално на сите Балкански народи.

Според дел од научниците, ова е доказ дека Власите се предци или имаат дадено свој придонес во генетскиот код на сите современи балкански народи кои ги познаваме денеска, а според други скептици, тоа е доказ дека не постои засебна етничка заедница.
Сепак, самиот факт дека векови и милениуми наназад како Власи официјално се чувствуваат повеќе од 500.000 луѓе само на Балканот е најголем доказ за тоа дека оваа етничка заедница и тоа како постои и е неизоставен фактор во сите историски, актуелни или идни случувања на Балканот.
Гледано малку подетално, само во Македонија 10.000 луѓе според последниот попис од 2002 година се декларирале како Власи. Според историчарите и познавачите на состојбите, оваа бројка е многу поголема и тоа се очекува да се покаже на првиот нареден попис.
image383Во Србија како Власи се декларираат 35.000 луѓе. Во Грција оваа бројка не е помала од 50.000, а во Албанија се шпекулира со вкупна цифра од сто до двесте илјади луѓе.
Најмала е бројката во соседна Бугарија каде како Власи се декларираат само 3.500 луѓе. Но, познавајќи ја децениската политиката на официјална Софија генерално кон сите етнички заедници, не е ни чудно што овие бројки се вакви, а не многу поголеми каква што е реалната ситуација на теренот.
Влашки етнички заедници можат да се најдат и во Хрватска и Чешка, па дури и далечната Полска.
Според некои проценки, реалната бројка на Власи на Балканот не е помала од 1,5 до 2 милиони луѓе.
Што вели историјата: Од каде навистина потекнуваат Власите?
Главната хипотеза околу етничкото потекло на Власите вели дека потекнуваат од Римската колонизација на Балканот и дека се потомци на Латинизираните староседелци и на легионерите кои се населиле на Балканот. Но, самиот факт дека Римската колонизација на Епир и Македонија започнува и трае подолго отколку таа во Дакија, може да сугерира дека етногенезата на Власите е постара од онаа на Римјаните.
Дополнително, постојат многу теории кои се однесуваат на потеклото на Власите. Во Грција некои научни теории ги сметаат Власите за локална грчка популација која е длабоко латинизирана веднаш после римското освојување на Грција или подоцна за време на првиот век на Византиската империја кога Латинскиот продолжил да биде официјален јазик.
Напротив, во другите соседни држави Власите се сметаат за потомци на Тракискиот народ кои се преселил во планините на јужниот Балкан после Аварската и Словенската инвазија. Византиските хроники ја фаворизираат оваа теза и ги сметаат Власите за потомци на Тракиските племиња меѓу кои и најпознатото племе Беси.
Точно се знае дека се до 7,8 и 9 век од нашата ера, предците на денешните Власи ја зборувале истата источна варијанта на балканскиот вулгарен латински, исто така познат како источно римски јазик. Лингвистите кои ја подржуваат Романската теорија декларираат дека Ароманските, Меглечанските или Истро Романските јазици се дијалекти на Прото – Романскиот јазик.
Оваа теорија воопшто не е прифатена од Грчките лингвистичари, бидејќи според нив ги зема во предвид само формите на Романскиот јазик и пристрасно ја подржува Романската теорија.
Некои модерни грчки јазичари, за време на поранешна Југославија, веруваат дека Истро – Романците мигрираат во нивниот сегашен регион пред околу илјада години од Трансилванија.
Токму околу оваа проблематика најмногу се кршат копјата помеѓу грчката и романската пропаганда насочена кон Власите.
Во реалноста, ниедна од овие тези не е до крај точна, а најблиску до реалноста е секако онаа првата. Она првата која најјасно потенцира дека Власите се еден од најстарите народи на Балканот кој со оглед на нивната засебност задржана и до ден денес, одбил да се асимилира со бројните дојденци. Така да тие низ вековите иако ги прифатиле главно латинскиот јазик и православната вера тие задржале најголем дел од нивните национални особености.
_IMA_PIC_SarakatsaniPaparounaКаде се живееле и живеат Власите?
Ако не можеме прецизно да докажеме од каде потекнуваат Власите, сигурно можеме да докажеме каде се тие живеат. Крајните граници кои се споменуваат уште во средновековните хроники се Полска, Моравија, денешна Хрватска. Се претпоставува дека Власите во овие региони дошле барајќи подобри пасишта за одгледувањето стока. Сепак, треба да се биде објективен и да се каже дека Власите во овие далечни региони можеле да се сретнат само како изолирани групи. Нивната најголема концентрација треба да се бара на Балканот и тоа во нивните традиционални седишта во кои се споменуваат уште во средниот век.
Поконкретно, влашки етнички заедници уште од средниот век се споменуваат во регионот Влахија помеѓу Јужните Карпати и Дунав, Молдавија – помеѓу Карпатите и реката Днестар, Трансилванија- помеѓу Карпатите и Унгарската рамнина, Бугарската империја, помеѓу Карпатите и планината Балкан.
Власите уште се споменуваат и во регионите – Бела Валахија во Мезија, Голема Влахија во Тесалија, Мала Влахија низ Аетолиа, Акарнија, Дорида, Локрида. Сирмиска Влахија- на реката Сава, Црна Влахија во Далмација, Горна Влахија во Москополе и Мецово , Стара Влахија – во источна Босна и Херцеговина и западна Србија и Цисалпинска Влашка- во денешен Банат.
Со оглед на нивниот номадско-сточарски, а подоцна и трговски начин на живеење, Власите, споменувања на Власи и познати Власи можат да се сретнат скоро во сите региони на Балканот. Сепак, од сето погоре споменато најголема концентрација на Власите е дефинитивно на тромеѓето помеѓу териториите на кои со векови живееле Македонците, Албанците и Грците.

Како Власите ја одржувале чистината на националниот идентитет ?

Иако научно целосно не е потврдено во историјата е познато дека после пропаста на античката македонска држава и продирањето на Римјаните од север постоел одреден дел од населението кој одбил да се потчини на новите освојувачи и одлучил својот живот да го продолжи во високите Балкански планини каде се занимавал со сточарство, а особено овчарство. Иако не може да се прави најдиректна паралела многу е веројатно дека Власите се потомци на овој дел од населението.
Таквиот начин на живот им овозможил да ги задржат своите традиционални навики, обичаи и верувања, а традиционалната мирољубивост со која од секогаш се краселе им давала за право селективно и етапно да се мешаат со најблиските околни народи. Резултат од таквата повеќевековна практика се денешните балкански Власи со сите нивни специфични карактеристики и засебности.

Во останатите продолжение на фељтонот за Власите уште ќе читате:

  1. Што работеле и со што се занимавале Власите низ вековите?
  2. Најпознатите влашки населби, села и градови
  3. Најпрочуени претставници на оваа етничка заедница
  4. Етничката заедница денес и нејзините перспективи (финален текст со изјави на истакнати (живи) претставници на етничката заедница

     

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×