Ферари излезе на берза
Објавено на од во Автомобилизам

Од следната година Ферари ќе биде самостојна компанија, надвор од групацијата на Фиат

Цената на акцијата на Ферари (Ferrari) одредена  вчера во иницијалната јавна понуда (IPO) на Њујоршката берза,  изнесува  максимални 52 долари, па пазарната вредност на италијанскиот производител на спортски автомобили достигна 9,8 милијарди долари.

Ferari

Акцијата на „Ферари“ предизвика голем интерес кај инвеститорите на Вол Стрит

Податоците за упис на акциите на Ферари во IPO-то  се уште не се јавно објавени, но Ројтерс дознава од извори упатени во ситуацијата дека побарувачката за 17,2 милиони акции на компанијата била  значително поголема од понудата.

Затоа, конечната цена е одредена на максимални 52 долари по акција, со оглед дека во IPO-то цената се движела во распон од 48 до 52 долари.

Вкупно во иницијалната јавна понуда се собрани 893 милиони долари, а тргувањето со акциите на Ферари треба да почне денес на Њујоршката берза.

Фиат КрајслерАвтомобили (Fiat Chrysler Automobiles – FCA), мнозинскиот сопственик на Ферари понуди на продажба 9% од акциите на Ферари, што претставува чекор кон издвојување на оваа компанија од FCA. Ферари кон почетокот на следната година треба да стане самостојна компанија.

Ферари ќе вреди 12 милијарди долари
Museo Casa Enzo Ferrari Opening - Press Preview

Претседателот на „Ферари“, Пиеро Ферари, ќе го задржи својот удел од 10% во компанијата

Претседателот на компанијата, Пиеро Ферари, син на основачот Енцо Ферари, ќе го задржи својот удел од 10%, додека FCA, седмиот по големина светски производител на автомобили, преостанатите 80% од акциите  ќе ги подели на постоечките акционери на FCA.

Ферари ќе преземе од Фиат 2,8 милијарди долари долгови, а потоа ќе издаде околу 2,12 милијарди долари обврзници.

Вклучувајќи ги тие обврзници, вкупната вредност на Ферари би изнесувала околу 12 милијарди долари.

Иако светски славен бренд, Ферари е релативно мал играч на глобалниот автомобилски пазар, со оглед на неговата политика да произведува помалку возила отколку што е побарувачката, за да ја задржи ексклузивноста.

Во првите шест месеци годинава Ферари заработил 141 милион евра, околу 10% повеќе во однос на истиот период лани. Приходите на фирмата изнесувале 1,4 милијарди евра.

FCA, сопственик на автомобилските брендови Фиат, Џип, Крајслер, Алфа Ромео, Ферари и Масерати, е меѓу најзадолжените компании во автомобилската индустрија, па парите од јавната понуда на акциите на Ферари ќе ги вложи во зголемување на продажбата, која што до 2018 планира да ја зголеми за 60%, на 7 милиони возила, а добивката треба да се зголеми пет пати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×