Земјоделската фирма Ерџелија Полјоделство, која е дел од групацијата, годинава постигна 85% повисоки приноси од јачмен, пченица, ‘рж и третикале (хибрид меѓу пченица и ‘рж), споредено со минатата година. Заслугата за овој резултат се припишува на комбинацијата од подземно наводнување „капка по капка“ и најсовремена механизација.
Жетвата во Овче Поле беше изведена со високо ефикасни комбајни од најнова генерација – John Deere 8800 и Krone BigX 630.
Највисоки приноси се постигнати токму на површините каде што е инсталиран подземниот систем за наводнување, што уште еднаш потврдува дека и земјоделието бара вложувања и стручност како и секоја друга индустриска гранка.

Произведената силажа се складира во сило-бункерите на електраната заради оптимална ферментација, по што се комбинира со органски отпад и се користи како суровина за производство на биогас и електрична енергија.
Од ФЕРОИНВЕСТ најавуваат дека ќе продолжат со инвестиции во модернизација на земјоделскиот сектор, кој има стратешка улога во енергетскиот циклус на биогасните електрани.





















