„Фиат“ не се откажува од „Џенерал Моторс“
Објавено на од во Автомобилизам
Иако на почетокот од оваа година Џенерал Моторс ја одби понудата на Фиат Крајслер за спојување на двата автомобилски гиганти, сепак првиот човек на Фиат не се откажува од својата намера

Серџо Маркионе, извршниот директор на Фиат Крајслер, деновиве повторно лобира кај главните инвеститори на Џенерал Моторс, со цел на преговарачка маса да ја седне управата на американската компанија.

Тој смета дека автомобилските производители треба повеќе да соработуваат како би постигнале поголема економска вредност, односно како би ги зголемиле инвестициите за нова технологија и развој на иновативни модели.

Како што пишува „Ројтерс“, двете компании веќе ангажирале советници кои ќе ја разгледуваат оваа можност. Џенерал Моторс ги застапува Голдман Сакс и Морган Стенли, додека Фиат швајцарската банка УБС.

Меѓутоа, се чини дека проблемот е во тоа што Фиат е значително помал во однос на Џенерал Моторс, чија пазарна вредност достигнува 57 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×