Фич го зголеми кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка од ББ+ на БББ-
Објавено на од во Компании
ПроКредит Банка АД Скопје е единствената банка на пазарот која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Fitch Ratings и се’уште има највисок рејтинг што една компанија може да го има во рамки на С.Македонија.
ПроКредит Банка
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг “Fitch Ratings” денеска  објави дека го зголемила  долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје од “ББ+” на ’’БББ-‘’ со стабилен изглед. Зголемувањето на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат на зголемениот рејтингот на С. Македонија на “ББ+”.
ПроКредит Банка АД Скопје е единствената банка на пазарот која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Fitch Ratings и се’уште има највисок рејтинг што една компанија може да го има во рамки на С.Македонија.
Согласно извештајот на агенцијата Fitch Rating, објавен на 28ми јуни 2019 година, високиот рејтинг на ПроКредит АД Скопје се должи на стабилната поддршка која банката ја добива од својот единствен акционер – ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија и кредитен рејтинг БББ со стабилен изглед.
Покрај акционерската структура, во извештајот од агенцијата Fitch Ratings е напомнато дека рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје е резултат и на високо квалитетното кредитно портфолио на банката, стабилното ниво на капитал и специјализираниот фокус кон мали и средни претпријатија(МСП). Заклучно прв квартал 2019 ПроКредит Банка АД Скопје има 11% пазарен удел во кредитно портфолио на не-финансиски институции во С. Македонија и 8% пазарен удел во депозитното портфолио токму од овие компании. И покрај намалувањето на маржите на пазарот, ПроКредит Банка АД Скопје продолжува и понатаму да остварува задоволително ниво на профит и фокус за соработка со поголеми и формализирани МСП кои придонесуваат за развој на економијата на пазарот.
„Квалитетот на кредитното портфолио на банката е неколку пати подобро од банкарскиот сектор и заклучно 2018 година стапката на нефункционални кредити изнесува само 1,5%. Овие резултати се должат на високо квалитетната анализа на кредитните апликации, континуирани инвестиции на банката за обука и развој на своите вработени, како и фокусот за градење долгорочни односи со клиентите и постанување банка-партнер за нивното целокупно банкарско работење.  “, велат од ПроКредит Банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×