ФИФА избира нов претседател – благ фаворит е шеикот Салман од Бахреин
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во време на невидени турболенции, денеска ќе биде избран новиот претседател на ФИФА, што ќе го наследи Швајцарецот Сеп Блатер, кој помина 17 години на оваа – една од двете највлијателни спортски функции во светот.

Денеска претставници на над 200 федерации ќе гласаат во Цирих за избор на новиот прв човек на Меѓународната фудбалска федерација. И за иднината на фудбалот – на каде ќе продолжи ФИФА по ерата на Блатер чии последни години беа полни со скандали.

Кандидати се петмина, но реалниот избор се чини е сведен на двајца – Швајцарецот и досегашен генерален секретар на УЕФА, Џани Инфантино, и претседателот на азискиот фудбал, шеикот Салман бин Ебрахим ал Халифа од Бахреин.

Иако се работи за неизвесна трка – букмејкерите не можат да определат цврст фаворит, повеќето од нив „играат“ на шеикот Салман.

За трет фаворит се смета принцот Али бин ал Хусеин од Јордан. Кандидати се и поранешниот министер во владата на Јужна Африка, Токио Сексвејл, и поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА, Жером Шампањ.

Пред изборот на претседател, делегатите на Конгресот ќе треба да изгласаат пакет реформи што целат кон ограничување на можностите за корупција, од која ФИФА не може да крене глава. Мерките вклучуваат ограничување на мандатите на повисоките раководители на организацијата, како и транспарентност на нивите примања.

Реформите ќе ги ограничат функциите на претседателот – ќе го направат повеќе претставителна фигура, додека реалното управување ќе биде предадено на други органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×