20 август, 2026
1 минута читање

ФИКСНИ 3,5%, БЕЗ УЧЕСТВО, ЗА СИТЕ БИЗНИСИ: ПроКредит Банка со поволни услови за зелени инвестиции

Инвестициите во енергетска ефикасност, современа опрема и решенија со помало влијание врз животната средина сè повеќе стануваат дел од редовното деловно планирање на компаниите. Тие отвораат можности за поодржливо работење, заштеди и долгорочен развој. За бизнисите кои се подготвени да инвестираат во оваа насока, ПроКредит Банка нуди можност за финансирање со фиксна каматна стапка од 3,5% за целиот период на отплата и без сопствено учество.

ПроКредит Банка останува отворена за нови можности и зелени инвестициски идеи на бизнисите, со цел да ги поддржи во инвестиции кои истовремено придонесуваат за нивниот развој и за поодржливо работење.

Со понудата на ПроКредит Банка, бизнисите ги добиваат следните придобивки:

  • Фиксна каматна стапка од 3,5% за целиот период на отплата, до 60 месеци, што овозможува однапред познат трошок за финансирање и полесно планирање на паричните текови;
  • Финансирање без сопствено учество, со што се намалува почетниот финансиски товар;
  • Можност сопствените средства да останат достапни за тековното работење и за други деловни потреби.

Можностите за зелена инвестиција се различни и зависат од потребите на секој бизнис. Според анализите за повеќе типови инвестиции, електричните виљушкари може да имаат период на поврат од 2 до 3 години, електричните возила од 3 до 5 години, а фотоволтаичните централи со батериски системи од 4 до 6 години. Дополнителното инвестирање на компаниите и во изолација, LED-осветлување, топлински пумпи, системи за вентилација и ладење можат да придонесат за значително намалување на потрошувачката на енергија и оперативните трошоци.

Преку понудата на ПроКредит Банка, пред бизнисите се отвораат можности за инвестиции во електрична мобилност, поефикасна опрема и современи енергетски решенија, во согласност со нивната дејност и реалните потреби.

Меѓу достапните решенија кои носат низа предности за бизнисите се електрични комерцијални VAN возила од Аутомакедонија, електрични виљушкари од Термалифт, како и електрични и електрифицирани возила Chery од Гранд Ауто, MG од МГ Мотор Македонија, Geely и  Lynk & Co од Делфино или пак Dongfeng преку ABC Brother. За компаниите кои сакаат поефикасно да управуваат со сопствената енергија, достапни се и батериски системи за складирање енергија од Battery Evolution и Маркетпромет електрик.

На овој начин, поволното финансирање добива конкретна примена – од електрични возила и виљушкари до системи за складирање енергија, со потенцијал за поголема енергетска ефикасност, пониска потрошувачка и намалени емисии на CO₂.

Како развојно ориентирана банка посветена на одржливиот развој, ПроКредит Банка е тука да ги поддржи бизнисите зелената транзиција да ја преточат во конкретна и економски оправдана инвестиција, овозможувајќи им пристап до решенија кои можат да придонесат за поголема конкурентност, оптимизација на трошоците и помало влијание врз животната средина.

Затоа, не пропуштајте да ја искористите оваа понуда од ПроКредит Банка за зелени инвестиции за бизнисите со важност до 30 септември 2026 година.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ

Не пропуштај