Филип Морис го гледа пазарот на канабис како “премногу ризичен”
Објавено на од во Економија

Директорот на Philip Morris International утврди дека проширување на пазарот на канабис е премногу ризичен за компанијата и најави дека во моментов производителот на цигари нема да го следат натпреварот од Altria која пред неколку месеци најави големи инвестиции во секторот.

endju kalancopulos

Ендрју Каланцопулос, извршен директор на Philip Morris, додаде дека засега нема доволно научни истражувања во однос на долгорочните ефекти на канабисот. „Новиот пазар останува ризичен и поради различните пристапи на регулаторите во светот, кои можат да доведат до имиджови проблеми за компанијата“, пишува Financial Times.

“Треба да се разбере повеќе за канабисот на научно ниво”, коментира Каланцопулос за време на Светскиот економски форум во Давос. “Не смееме да заборавиме дека работиме на меѓународно ниво, а политиките се многу различни”.

Коментарите на највисокиот човек во Philip Morris доаѓаат во момент во кој се повеќе компании влегуваат на пазарот на канабис, кој станува легален на повеќе места. Минатата година конкуренцијата од Altria купи 45% од акциите на Cronos за 1,9 милијарди долари, а производителот на пивото Corona инвестира 4 милијарди долари во посеви на канабис, за да ги испита можностите за пијалоци, вклучувајќи канабис.

Постојат и негативни примери како Coca-Cola, која направи неколку студии за инвестирањето во канабис, но на крајот се откажа да навлегува во овој сегмент. Мухтар Кент, претседател на Coca-Cola, минатиот месец коментираше дека “се уште ништо не е јасно” во однос на здравствените ризици околу канабисот.

Проширување на пазарот

Ново законодавство во САД ја направи марихуаната легална за една четвртина од населението на САД, и така отвори огромен пазар за кратко време. Две третини од населението пак имаат пристап до марихуана за медицински цели, а вкупната индустрија во моментов се проценува на 10 милијарди долари. Во некои големи држави како Њујорк и Њу Џерси во моментов се дискутира целосно легализирање на марихуаната, а Канада веќе направи овој чекор.

Главниот фокус на Philip Morris, сепак ќе остане на бездимен никотински производи како IQOS. Во овој сегмент во последните месеци се појавија гласини и за купување на Juul, електронски цигари, кои имаат силно пазарно покриеност кај младите пушачи. Според Каланцопулос сепак Juul нема конкурентска предност пред IQOS и успехот на производот се должи на добар маркетинг и Philip Morris нема намера да бара договор со компанијата, која е делумно во сопственост на конкуренцијата од Altria.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×