Филип Морис прави револуција во тутунската индустрија
Објавено на од во Економија

Производителот на цигари Philip Morris International галопирачки ја променува тутунската индустрија со иновацијата „iQOS“ – уред кој чини на почетокот на своето појавување чинеше 70 евра, но кој има се попристапна цена, и го загрева тутунот наместо да го гори.

iqosКорисниците тврдат дека уредот дава повеќе чувство за автентичното пушење отколку електронските цигари.

Андре Каланцопулос, извршен директор на Philip Morris, пред инвеститорите изјавил дека технологијата ја става индустријата „на прагот на револуција“, која може да го подобри јавното здравје преку безопасна алтернатива на пушењето и истовремено да привлече профит од 1,2 милијарди долари.

Производителот потрошил над 2 милијарди долари за развој на уреди, кои се замена на пушењето, вклучувајќи го производот Heatbar кој доживеа неуспех пред една деценија, пренесува Блумберг.

Компанијата не тврди дека „iQOS“ е поздраво од пушењето, напротив, се продава со предупредувањето дека најбезбедна опција е тутунот да се избегнува целосно. Philip Morris сепак работи со 300 научници кои бараат докази дека „iQOS“ може да го намали ризикот од болести поврзани со пушењето, а брошурите за производот покажуваат дека уредот испушта помалку штетни супстанции во споредба со цигарите и се водат клинички тестови кои ги споредуваат опасностите.

Додека конкурентни компании се обидуваат да го стигнат Philip Morris, а регулаторните органи размислуваат дали да поддржат слични напори, организациите против пушењето одат во рикверц.

Аналитичарите од Wells Fargo предвидуваат дека Heatsticks можат да одземат 30% од продажбата на цигари во развиените пазари до 2025 година. British American Tobacco има намера да пушти во продажба сличен производ во втората половина на 2016 година, Reynolds American развива уред кој се загрева, а Japan Tobacco го претставува испарувачот Ploom Tech.

Philip Morris сепак е далеку понапред во трката, смета аналитичарот од Exane BNP Paribas, Џејмс Башнел.

„Тоа е најблиску ниво до кое индустријата достигна на патот кон „светиот грал“ – комерцијална успешна „безопасна“ цигара“, напиша тој во неодамнешен извештај.

Над 100.000 пушачи во Јапонија се префрлија кон „iQOS“, а Philip Morris тврди дека HeatSticks сочинуваат 2,4% од пазарот на цигари во Токио во јануари. Компанијата најави дека ќе продава iQOS во околу 20 држави оваа година и планира да поднесе барање до Агенцијата за контрола на храна и лекови на САД, која го нарече уредот „тутунски производ со намален ризик“.

Намалени ризици од пушењето

iQOS е производ што се загрева, но не согорува и се состои од уред што се полни во форма на пенкало, во кој се вметнува краток производ што наликува на цигара, наречен HeatStick. Со неговото загревање се креира никотински аеро сол со вкус на тутун. Не се случува никакво согорување и производот се загрева на температура од помалку од 350 Целзиусови степени.

“За прв пат во историјата, имаме производи со вистински потенцијал да ги намалат штетите, а истовремено и да го развијат нашиот бизнис”, коментираше Каланцопулос. Еден од предусловите, додаде, е регулаторите и групите против пушење да го прифатат принципот на намалување на штетите и да применат соодветни рамки и целосна комуникација која “драстично ќе јазголеми” прифатеноста на производите со намален ризик и дополнително ќе поттикне иновативност во оваа област.

Американската агенција FDA ја одобри продажбата на IQOS уредите на Филип Морис

Регулаторите му дадоа на Philip Morris International зелено светло за продажба во САД на нивните уреди кои го загреваат тутунот, отворајќи го патот за тутунскиот гигант да се натпреварува со старт – ап компанијата за електронски цигари Juul за дел од брзорастечкиот пазар за алтернативи на тутун.

Во долгоочекуваната пресуда, американската Управа за храна и лекови (ФДА) дала зелено светло на IQOS уредите откако компанијата ги уверила службениците дека нивоата на токсини навистина се пониски отколку кај традиционалните цигари.

Одобрението ќе помогне да се изгради доверба кај инвеститорите дека тутунскиот гигант може да изгради профитабилен нов бизнис, бидејќи потрошувачите кои се свесни за здравјето, сѐ повеќе ги отфрлаат традиционалните цигари. Индустријата вложува големи средства во електронските цигари и други уреди за да ги замени
цигарите.

IQOS се уреди кои наликуваат на цигари и кои го затоплуваат тутунот, а не го горат.

Уредите беа лансирани пред три години во Јапонија и тие го сочинуваат главниот столб на движењето на PMI кон т.н. производи со „намален ризик“.

Андре Каланцопулос, главен извршен директор на PMI, рече дека одлуката е “важен чекор напред за околу 40 милиони американски мажи и жени кои пушат”.

Тој рече: “Некои ќе се откажат. Повеќето нема, а за нив IQOS нуди алтернатива „без чад“ за продолжување на пушењето. ”

Управата за храна и лекови допрва треба да дозволи IQOS да биде обележан како побезбеден од традиционалните цигари, меѓутоа тие се оптимисти кога е во прашање пресудата на Вол Стрит. Засега, производот мора да се придржува до истите строги регулаторни стандарди како и цигарите.

“Одобрувањето на нови производи од тутун не значи дека тие се безбедни”, рече Мич Зелер, директор на Центарот за тутунски производи на Управата за храна и лекови. Тој додаде дека агенцијата внимателно ќе ги следи IQOS уредите, вклучувајќи го и интензитетот на користење кај младите луѓе.

IQOS ќе бидат продавани и дистрибуирани во САД од страна на Altria, американскиот производител на цигари, од кој PMI се одвои пред повеќе од една деценија.

Продажбата ќе започне првично во Атланта, Џорџија, бидејќи компаниите сакаат да “научат колку што е можно повеќе, што е можно побрзо”, рече Хауард Вилард, главен извршен директор на Altria. Производите ќе бидат дистрибуирани на околу 500 трговци во градот, вклучувајќи и посебна IQOS продавница во трговскиот центар Lenox.

Одобрувањето дојде порано од очекуваното, изјави Крис Грау, аналитичар во Stifel. Тој очекува уредот да се продава за околу 70 долари, што би требало да се покаже како превисока цена за тинејџерите.

Под раководството на поранешниот шеф Скот Готлиб, Управата за храна и лекови воведе ограничувања за е-цигари во борба против порастот на нивната популарност меѓу младите. Претходно овој месец, Управата соопшти дека испитува дали употребата на е-цигари го зголемува ризикот од напади.

Сепак, г-динот Зелер во вторникот го призна потенцијалот на новата технологија за “целосно да ги оддалечи возрасните пушачи од употребата на согорливите цигари”.

Акциите на PMI на американската берзата во вторникот се зголемија за 2 отсто, а оние на Altria се зголемиja за 1,5%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×