Connect with us

македонија

Finance Think анализираше зошто најмалите “бизнисмени“ во државава се дел од сивата економија

објавено

на

Резултатите покажуваат дека трошоците за да се стане регистрирана микрофирма се важна пречка за формализацијата, особено даноците, придонесите, парафискалните давачки и трошоците за сметководство.

Finance Think – Институт за економски истражувања и политики ја публикуваше студијата „Нерегистрирани микровршители на деловна активност во Северна Македонија: Анализа со препораки за политиките“ (линкот до студијата е овде). Целта на студијата е да разбере зошто неформалните микровршители на деловна активност (поединци или групи од поединци кои изведуваат некаков бизнис во сивата економија) одлучуваат да не се регистрираат како формално претпријатие.

Анализата се фокусира на четири точки: 1) кои се неформалните микровршители на деловна активности; 2) која е улогата на трошоците за формализација/регистрација; 3) каква е перцепцијата за придобивките од формализирањето; и 4) каква е улогата на инспекциските контроли и можноста да се даде неформален подарок за да се остане неформален/нерегистриран.

Најчести форми на нерегистрирани микровршители на стопанска дејност во Северна Македонија вклучуваат: улични продавачи на храна, облека, накит и сл.; индивидуални земјоделци; занаетчии; вршители на услуги за лична убавина (фризери и козметичари); молери, гипсари, малтерисувачи; пекари; даватели на разни часови; механичари на возила; и куќни чувари и чистачи.

Неформалните микровршители на деловна активност се многу мали според нивниот годишен приход кој вообичаено не надминува 250.000 МКД, и поради тоа што деловната дејност најчесто ја вршат сами (еден работник), додека кога ја вршат со соработници нивниот број не надминува пет. Нерегистрираниот бизнис главно се врши во домаќинството на клиентот или во сопственото домаќинство, па оттука клиенти доминантно се домаќинствата и физичките лица.

58,3% од нерегистрираните микровршители на деловна активност располагаат со друг извор на приход, кој е претежно од стандардно вработување, било реално или фиктивно, за да можат да обезбедат социјално осигурување.

Резултатите покажуваат дека трошоците за да се стане регистрирана микрофирма се важна пречка за формализацијата, особено даноците, придонесите, парафискалните давачки и трошоците за сметководство. Во ограничен обем, времето и надоместоците за справување со администрацијата работат на одвраќање на нерегистрираните микровршители на деловна активност од регистрирање, додека пристапот до информации и изложеноста на поткуп не играат улога.

На страната на придобивките, пристапот до поголеми клиенти, до посигурни добавувачи на инпути и до нови пазари се оценети како големи придобивки од формализирањето. Вториот поттик е пристапот до социјална заштита и пензија во старо време. Од друга страна, пристапот до финансии, услуги од АВРМ и намалувањето на изложеноста на поткуп не се сметаат за толку важни придобивки.

Можноста да се биде откриен има ограничена моќ во мотивирањето на регистрацијата. Зајакнувањето на контролите и инспекциите може да го направи престојот во неформалната економија скап само до одреден степен. Слично, активности за јакнење на даночниот морал или за намалување на неформалните практики би имале ограничено влијание.

Според факторската анализа, првите два од следните четири фактори за неформалноста на микровршителите на деловна активност имаат високи тежински фактори: 1) придобивките од формализирањето, 2) трошоците за регистрација и водење бизнис, 3) административното оптоварување за регистрација на фирма и 4) трошоците за откривање и казнување. Според тоа, владините политики треба да се фокусираат прво врз зголемување на придобивките од тоа еден микробизнис да биде формален, а потоа и врз намалување на трошоците за формализирање на микровршителите на деловна активност.

економија5 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up5 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании5 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион5 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија5 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија5 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју5 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија5 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија5 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју5 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија5 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју5 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју5 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија5 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија5 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија5 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион5 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет5 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании5 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up5 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор