Connect with us

економија

Finance Think: Речиси половина од економските ветувања на Владата се остваруваат спротивно од ветеното

објавено

на

„Причините за оваа состојба вклучуваат нереалистично поставување на таргетите имајќи ги предвид претходните остварувања, нереалистично поставување имајќи предвид дека економијата е во криза предизвикана од пандемијата, како и поставување таргети кои може да го нарушат пазарот или кои може да блокираат неразумно голем контингент буџетски средства за ветувањето да се реализира. “, велат од Finance Think.

Само 18% од ветувањата во економската програма на Владата (2020-2024) или пет од вкупно 27 се исполнети досега, покажува извештајот на Finance Think, со наслов „Големи економски ветувања, големи потфрлувања?“, објавен денеска.

Речиси половина или 44% од 27-те економски ветувања на изборите во јули 2020 година се остваруваат во спротивна насока од ветената, покажува анализата, 14,8% се во насока на исполнување, 7,4% се неисполнети, а за 14,8% се’ уште нема податок.

„На прв поглед, бројката на исполнети економски ветувања не е висока, но мора да се има предвид дека поголем дел од ветувањата/целите се однесуваат на 2024 година, па порелевантни се резултатите во групите ‘во насока на остварување’ и ‘спротивно од насоката на остварување’“, се вели во извештајот.

Во групата исполнети ветувања главно се ветувањата за т.н. оперативни таргети во даночната сфера, односно намалувањето на стапката на ДДВ за ресторански услуги на 10%, на занаетчиски услуги на 5%, подигнувањето на регистрацискиот праг за ДДВ на 3 милиони денари, и незголемувањето на стапката на данокот на добивка.

Четири ветувања, или 14.8%, се во насока на исполнување. Тие вклучуваат: одржлив и инклузивен раст од 4%, обем на СДИ до вкупен износ од 1 милијарда евра до 2024, зголемување на извозот до 8 милијарди евра во 2024, пораст на просечната плата за 20-30% до 2024.

Извор: „Економски компас“ врз база на податоци од релевантните институции и Делфи истражување. Визуелизација: Finance Think

Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020- 2024 година се остваруваат со различна динамика, но вкупниот заклучок е дека остварувањето е недоволно за да може да се каже дека тие се исполнуваат, се вели на крајот од извештајот на Finance Think. Скоро половина  од дадените ветувања во економско – социјалниот домен, моментално се остваруваат во насока спротивна од даденото ветување.

„Причините за оваа состојба вклучуваат нереалистично поставување на таргетите имајќи ги предвид претходните остварувања, нереалистично поставување имајќи предвид дека економијата е во криза предизвикана од пандемијата, како и поставување таргети кои може да го нарушат пазарот или кои може да блокираат неразумно голем контингент буџетски средства за ветувањето да се реализира. “, велат од Finance Think.

Оттука, Finance Think препорачува поставувањето на целите во програмите на политичките партии и, следствено, на Владата да биде реалистично и да води сметка за изводливоста и чинењето. Порамнувањето на политичките ветувања во економскиот домен со фундаментите на економијата, тековната фаза на развојот, како и со менталитетот на граѓаните и компаниите, ќе придонесе за подобри и поефективни економски политики.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал