Connect with us

економија

Finance Think: Хонорарните работници од повеќе сектори се најранливи во пандемијата

објавено

на

Оние што нудат маркетинг и софтверски услуги први го почувствуваа ударот,  но и први закрепнаа, а хонорарните работници во креативни и мултимедијални услуги се уште не закрепнале, вели инфо – графиката на Finance Think за влијанието на пандемијата врз ранливи категории работници на глобално ниво.

Хонорарните работници на интернет се силно погодени од пандемијата. Оние што нудат маркетинг и софтверски услуги први го почувствуваа ударот,  но и први закрепнаа, а хонорарните работници во креативни и мултимедијални услуги се уште не закрепнале, покажува инфо – графиката на Finance Think за влијанието на пандемијата врз ранливи категории работници на глобално ниво.

Хонорарните работници (анг.Gig workers) се независни изведувачи, работници на платформи преку интернет, работници на повик и привремено вработени работници. Според  iLabour Project  работните места во т.н. „гиг“ економија почнале да се консолидираат во последниот квартал од 2020, што може да се види и на графиконот  што го изработија  во Finance Think врз основа на податоците од студијата „Investigating the Construction of Labour Markets, Institutions and Movements on the Internet“.

Извор:  iLabour Project – Investigating the Construction of Labour Markets, Institutions and Movements on the Internet
Визуелизација: Finance Think

Поддршка за продажба и маркетинг,  пишување и превод, развој на софтвер  и технологија, како и креативни и мултимедијални услуги се областите од „гиг“ економијата што имаат најмногу загубени работни места во вториот и третиот квартал лани, за во четвртиот квартал и подоцна во првиот квартал од 2021 сите наведени дејности закрепнуваат, освен креативните и мултимедијалните услуги.

Најмногу новосоздадени работни места во наведениот период има кај секторот поддршка за продажба и маркетинг, потоа во дејностите за внесување податоци и развој на софтвер и технологија. Креативните и мултимедијалните услуги најмногу страдаат во пандемијата поради забраните за концерти, забави, конференции,  и сите манифестации каде што има групно собирање – забрани коишто важат речиси во сите земји на светот се’ уште.

Во оваа група не се погодени само изведувачите и креаторите на мултимедијални содржини, туку и целата пропратна логистика, односно фирмите за организирање настани, поставување озвучување, графика и сл.

Извор:  iLabour Project – Investigating the Construction of Labour Markets, Institutions and Movements on the Internet
Визуелизација: Finance Think
економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.