економија
Finance Think: Хонорарните работници од повеќе сектори се најранливи во пандемијата

Оние што нудат маркетинг и софтверски услуги први го почувствуваа ударот, но и први закрепнаа, а хонорарните работници во креативни и мултимедијални услуги се уште не закрепнале, вели инфо – графиката на Finance Think за влијанието на пандемијата врз ранливи категории работници на глобално ниво.
Хонорарните работници на интернет се силно погодени од пандемијата. Оние што нудат маркетинг и софтверски услуги први го почувствуваа ударот, но и први закрепнаа, а хонорарните работници во креативни и мултимедијални услуги се уште не закрепнале, покажува инфо – графиката на Finance Think за влијанието на пандемијата врз ранливи категории работници на глобално ниво.
Хонорарните работници (анг.Gig workers) се независни изведувачи, работници на платформи преку интернет, работници на повик и привремено вработени работници. Според iLabour Project работните места во т.н. „гиг“ економија почнале да се консолидираат во последниот квартал од 2020, што може да се види и на графиконот што го изработија во Finance Think врз основа на податоците од студијата „Investigating the Construction of Labour Markets, Institutions and Movements on the Internet“.

Визуелизација: Finance Think
Поддршка за продажба и маркетинг, пишување и превод, развој на софтвер и технологија, како и креативни и мултимедијални услуги се областите од „гиг“ економијата што имаат најмногу загубени работни места во вториот и третиот квартал лани, за во четвртиот квартал и подоцна во првиот квартал од 2021 сите наведени дејности закрепнуваат, освен креативните и мултимедијалните услуги.
Најмногу новосоздадени работни места во наведениот период има кај секторот поддршка за продажба и маркетинг, потоа во дејностите за внесување податоци и развој на софтвер и технологија. Креативните и мултимедијалните услуги најмногу страдаат во пандемијата поради забраните за концерти, забави, конференции, и сите манифестации каде што има групно собирање – забрани коишто важат речиси во сите земји на светот се’ уште.
Во оваа група не се погодени само изведувачите и креаторите на мултимедијални содржини, туку и целата пропратна логистика, односно фирмите за организирање настани, поставување озвучување, графика и сл.

Визуелизација: Finance Think