Finance Think: Буџетските ефекти од прогресивниот данок би биле релативно мали
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Буџетските ефекти од потенцијалното прогресивно оданочување би биле релативно мали и на годишно ниво би се движеле помеѓу 30 и 37 милиони евра дополнително прибран персонален данок од доход, што претставува помеѓу 10,8% и 13,1% од вкупно прибраниот персонален данок од доход, покажуваат резултатите од анализата на Finance Think за најавената промена на даночниот модел.

Во анализата како за споредба, пишува дека износот што од буџетот се одвојува за сите видови социјална помош, на годишно ниво изнесува околу 100 милиони евра. Износот што буџетот ќе го одвои за субвенционирање на порастот на минималната плата, пак, изнесува 90 милиони евра.

„Според овие пресметки, дизајнот на потенцијалната реформа за прогресивно оданочување треба да биде внимателен, во поглед на висината на стапката на прогресивниот данок, кои ќе бидат границите на одделните стапки, кои се лицата кои ќе бидат оданочени со повисоки стапки, односно дали се тоа претприемачи, менаџери, професионалци во брзорастечки индустрии, како новонаметнатиот даночен товар ќе се одрази врз малите претпријатија, стартапите и кој било друг претприемнички потфат, како новонаметнатиот данок ќе се одрази врз иселувањето на висококвалификуван и дефицитарен кадар, како што се ИТ инженери, доктори, претприемачи, дали стапките на прогресивниот данок ќе бидат различни, зависно основата на доходот“, пишува во анализата на Finance Think.

Проценката на буџетските ефекти кои би се постигнале со потенцијално воведување прогресивен данок на персонален доход вклучува четири алтернативи и тоа: оданочување на вкупниот доход на најбогатите 1% со 18%; оданочување на разликата помеѓу вкупниот доход и границата од 1.523 евра со 18%, а износот под 1.523 евра со 10%, на најбогатите 1%; оданочување на вкупниот доход на најбогатите 2% со 18%; и оданочување на разликата помеѓу вкупниот доход и границата од 1.044 евра со 18%, а износот под 1.044 евра со 10%, на најбогатите 2%.

Аналитичарите сепак заклучуваат дека без оглед што податоците за доходовната распределба објавени од страна на Министерството за финансии укажуваат на лошата социјална слика за Македонија, сепак, ваквата слика не треба да исклучи воведување прогресивен данок на доход.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×