Financial Times: Можна суспензија на Шенген на две години
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Shengen_suspensionЕвропската унија ќе го разгледува суспензирањето на Шенгенскиот договор во траење до две години поради мигрантската криза, пренесува Financial Times (FТ).

Тоа значи дека привремените контроли на границите, воведени ова лето помеѓу земјите како што се Германија и Австрија, би станале долготрајна мерка, која би ја ограничила зоната на слободно движење, пишува овој весник.

Документот со име „Интегритет на Шенгенската зона“ го напиша Луксембург, како земја претседавач со Унијата, но деновиве тој стигна и до јавноста.

„Можноста за активирање на „член 26“ од 20 години стариот договор за слободно движење внатре во ЕУ се наоѓа во подготвителниот документ за состанокот на министрите за внатрешни работи. Министрите на ЕУ ќе разговараат за најдраматичната мерка која им е на располагање откако „на виделина излегоа сериозни пропусти на грчката граница“, пишува во документот, пренесува FT.

Иако засега нема директен повик за суспензија на целиот договор, за што се зборуваше минатата есен, со документот се остава простор за брзо затварање на границите или дел од границите внатре во ЕУ, пишува весникот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×