Финансиска поддршка само за инвеститорите кои даваат плата над 18.000 денари
Објавено на од во Компании

НВлада Програма 3овиот План за економски раст кој вчера го објави Владата предвидува финансиска поддршка за секое отворено ново работно место, но само ако платата е над 18.000 денари или 50% над минималната загарантирана плата која сега изнесува 12.000 денари.
За секое новокреирано работно место и за новокреирано високо платено работно место компаниите ќе можат да аплицираат за финансиска поддшка од минимум 10% од платата во период од 5 години од основањето за секој нов субјект, но фирмите ќе имаат обврска за го задржи истиот број на вработени најмалку 10 години.
“Она што сакам да го потенцирам дека ќе може да се субвенцинира плата која ќе биде 50% над минималната загарантирана плата, што значи дека нема да може да се субвенционира месечна нето плата под 18.000 денари. За секој дополнителни 10% повисока плата, финансиската поддршка ќе расте за 2%, до максималните 16%”, појасни вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Оваа мерка ќе важи подеднакво и за странските и за домашните компании и инвеститори. Но, странските инвеститори кои веќе имаат склучено договори, ќе продолжат да добиваат субвенции и за пониски плати, се додека не им завршат договорите.

Уште една интересна мерка, која  ќе важи за сите компании е финансиска поддршка од 20% за исплатени плати над двојно повисоки од просечната плата.
На пример, компаниите кои ќе одлучат да исплатат нето плата од 45.000 денари ќе може да аплицираат и да добијат финансиска поддршка од 9.000 денари, со што реалниот трошок за плати ќе изнесува 36 илјади денари.
Финансиската поддршка за овие две мерки ќе може да се добие само ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во Агенцијата за вработување во период од најмалку три месеци или ако се вработат лица кои штотуку го завршиле образованиот процес.
Со овие две мерки Владата сака да ја зголеми вработеноста, но и да го зголеми нивото на плати, кое според нив е еден од значајните фактори на економски раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×