1 април, 2025
4 mins read

Петреска Котеска: Финансиска стабилност за компаниите со новите кредитни продукти на УНИБанка

Развојот и диверзификацијата на банкарските продукти и услуги се клучни двигатели на економскиот раст. Банкарскиот сектор е еден од главните фактори што влијаат врз динамиката на пазарот, при што банките, преку своите кредитни и депозитни продукти, директно го поддржуваат развојот на деловниот сектор. Во време кога финансиската стабилност и сигурноста се поважни од кога било, УНИБанка АД Скопје продолжува да ги нуди најсовремените финансиски решенија за компаниите. Банката воведе нов кредитен продукт – супер брз бизнис кредит со ризико осигурување, кој претставува новитет на македонскиот пазар. За оваа иновативна понуда, но и за поддршката што банката ја дава на корпоративниот сектор, разговараме со Татјана Петреска Котеска, Директор на Дирекција Корпоративно банкарство на УНИБанка АД Скопје.

Татјана Петреска Котеска

Директор на Дирекција Корпоративно банкарство на УНИБанка АД Скопје.

Бизнис кредит со ризико осигурување – нов концепт на финансиска сигурност

Капитал: Што претставуваат кредитите со ризико осигурување за правни лица?

Татјана Петреска Котеска: Станува збор за нов финансиски продукт на нашиот пазар, кој на компаниите им овозможува двоен бенефит – пристап до финансиски средства без сложени процедури, но истовремено и дополнителна сигурност преку осигурување од една страна и пониска каматна стапка од друга страна. Главната цел на овој кредит е да понуди финансиска стабилност и сигурност за компанијата и нејзиниот основач.

Добро познатиот „Супер брз кредит за правни лица“, е збогатен со животното осигурување и има за цел да обезбеди заштита на сопственикот и неговото семејство од непредвидени околности, како што се болест или несреќа. Со оваа дополнителна сигурност, компанијата останува финансиски стабилна.

Капитал: По што се разликуваовој кредит од другите финансиски продукти?

Татјана Петреска Котеска: Овој кредит е единствен на пазарот, бидејќи нуди брза финансиска поддршка до 100.000 евра, а истовремено и сигурност во непредвидени ситуации. Брз пристап до финансиски средства без сложени процедури. Едноставно аплицирање со минимални документи и можност за онлајн и електронско потпишување на целокупната документација и тоа без трошок за одобрување. Компаниите имаат лесен пристап до средства, а во исто време сопствениците добиваат животно осигурување, што значи сигурност и за компанијата и за сопственикот.

За идниот развој, Татјана Петреска Котеска објаснува дека банката ќе продолжи со воведување на иновативни продукти, дигитализација и реализација на бројни проекти, со цел на клиентите да им обезбеди дополнителни придобивки и позитивно корисничко искуство.

Капитал: Кои компании можат да аплицираат?

Татјана Петреска Котеска: Дизајниран е за микро, мали и средни претпријатија кои имаат потреба од дополнителни средства за раст, тековни обврски или инвестиции. Овој продукт овозможува купување или изградба на објект, дополнителни инвестиции во бизнисот, рефинансирање од други банки, обртни средства, нови машини или опрема. Посебен фокус ставаме на бизнисите кои се носители на локалната економија и имаат потреба од финансиска поддршка со минимална административна процедура.

Капитал: Во пошироката јавност, а посебно во деловната заедница и кај банките, главната тема последниве месеци е таканаречената „Унгарска кредитна линија„. Имаше дебати и расправи и на крај се договоривте банките и државата. Објаснете за каква кредитна линија станува збор и како УНИБанка ја пласира линијата на нејзините сегашни и можни идни клиенти? 

Татјана Петреска Котеска: Да секако. УНИБанка АД Скопје и Развојната банка на Р. С Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, таканаречената „Унгарска кредитна линија„. Кредитната линија има силна развојна и инвестициска компонента. Таа ќе придонесе за поттикнување на нови инвестиции во основни средства и поддршка на економскиот развој, иновации и инвестиции. Истите позитивно ќе влијаат врз економијата и ќе донесат нови вработувања, раст на БДП и сеопфатен економски раст и развој во државата.

Кредитната линија е со намена за нови инвестиции во основни средства, со фиксна каматна стапка од 1.95%. Максималниот износ на кредит изнесува 615.000.000 МКД. Кредитот е со максимален рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години, без надомест за одобрување, управување и предвремена отплата.

Треба да се потенцира дека нашата соработка со сите институции е секогаш во насока на зајакнување на македонската економија. Со кредитната поддршка на нови инвестиции во основни средства преку оваа линија придонесуваме кон јакнење на капацитетот на домашните субјекти, кон зголемување на позитивните ефекти од нивното работење, создавајќи долгорочен придонес за економски развој на земјата, а со тоа и подобрување на вкупните перформанси, зголемена економска продуктивност и поголема конкурентност на претпријатијата. Веруваме дека во земјава има компании со голем економски потенцијал, со проекти кои можат да бидат конкурентни на светскиот пазар.

Капитал: Но, упатената деловна јавност е запознаена и со постоењето на таканаречената „Француска кредитна линија„! Какви детали можете да ни објасните поврзано со оваа кредитна линија?

Татјана Петреска Котеска: Француската кредитна линија е поврзана со поволни кредити за жени претприемачи, потоа дигитализација, како и зелени проекти што е многу важно за развојот на едно општество. УНИБанка преку Развојната банка на Р. С Македонија да овозможува поволни кредити за фирми кои се минимум 51% во сопственост на жени или се раководени од жени, дигитализација, како и во стимулирање на иновативниот и инклузивниот раст во приватниот сектор и зелени проекти кои придонесуваат кон подобрување на климатските услови. Овие средства се обезбедени од Француската Агенција за Развој (АФД). Кредитите се со отплатен рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и се со поволна фиксна каматна стапка, што ги прави интересни и прифатливи.

На овој начин придонесуваме кон порамноправна и просперитетна иднина. Има многу жени кои се вистински лидери. Со своите бизнис идеи можат да придонесат кон развој на економијата. Жените раководат со интегритет, непристрасност и принципиелност, но не секогаш им се даваат еднакви можности. Додека пак зелените проекти се поврзани со нашиот одржлив раст и развој, со здравата животна средина, и токму затоа е важно да ги поддржиме. Токму во таа насока, банката е пример за општествено одговорна компанија која се грижи за заедницата.

Капитал: Еден од новитетите што го воведовте од неодамна е Екстра платежна сметка на УНИБанка. Кои се нејзините предности?

Татјана Петреска Котеска: Ова е иновативен продукт кој овозможува компаниите да ги искористат своите слободни парични средства на најдобар можен начин, без да ги ограничуваат финансиските текови на компанијата. Оваа функционалност овозможува брзо и сигурно активирање на дополнителна вредност за паричните средства на компанијата, без потреба од орочување, додека во исто време се добива растечка скалеста камата по видување. Со активирање на Екстра платежна сметка, без отварање на дополнителни сметки, каматата по видување се пресметува врз основа на салдото на основна платежна сметка. Штом салдото расте, каматата автоматски се зголемува. Колку повеќе средства имате на вашата сметка, толку поголема камата заработувате – автоматски! Понатаму, без ограничувања на максималното салдо. Нема ограничувања за пресметка на камата, што значи дека сите ваши средства работат за вас. За идниот развој, Татјана Петреска Котеска објаснува дека банката ќе продолжи со воведување на иновативни продукти, дигитализација и реализација на бројни проекти, со цел на клиентите да им обезбеди дополнителни придобивки и позитивно корисничко искуство.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ

Не пропуштај