Финансиски експерт од Голдман Сакс предвидува дека вредноста на биткоинот ќе стигне до 4.000 долари!
Објавено на од во Економија

Bitkoin 1Шеба Џафари, раководител на техничката стратегија на инвестициската банка Голдман Сакс предвидува дека по краткотрајниот пад на вредноста на биткоинот ќе следува петти бран во кој вредноста на оваа дигитална валута би можела да достигне рекордна вредност од 4.000 долари.

Оваа 2017 година е одлична за биткоинот. Во јануари вредноста на биткоинот надмина 1.000 долари, а во мај беше срушен уште еден рекорд кога неговата вредност достигна 1.7000 долари. Во јуни вредноста на биткоинот постави уште еден рекорд надминувајќи вредност од 3.000 долари, но крајот на јуни го заврши со мал пад на 2.500 долари.
Само за половина година вредноста на биткоинот скокна за 168%, што многумина аналитичари ги наведе на заклучок дека се создава балон околу оваа дигитална валута.
Но, на 2 јули Џафари во белешка до клиентите на Голдман Сакс  советуваше дека вредноста на биткоинот може само привремено да падне, но и покрај тие падови вредноста на биткоинот ќе оди само нагоре.

“Биткоинот е се уште во корективниот четврти бран и неговата вредност може да падне до 1.857 долари, што е пад од 25%”, се вели во белешката од Џафери до клиентите на Голдман Сакс. Но, тој ги уверува инвеститорите во биткоин дека не треба многу да се грижат за падот, бидејќи во следниот петти бран, биткоинот би можел да достигне рекордна вредност од 3.915 долари.
Без разлика дали и кога биткоинот ќе ја достигна оваа вредност, оваа 2017 година ќе биде историска година за оваа дигиталната валута.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×