Финансискиот имот на секторот население вреди 5,7 милијарди евра – две третини се банкарски депозити
Објавено на од во Финансии

C_Users_Igor_AppData_Local_Packages_Microsoft.SkypeApp_kzf8qxf38zg5c_LocalState_3dcb78ca-ec6e-4f03-ada9-e9c213480a83Колку се “богати“ македонските домаќинства

Финансиската актива на секторот домаќинства во Македонија на крајот од 2017 година изнесувала вкупно 5,7 милијарди евра, покажува Извештајот за финансиска стабилност што НБРМ го објави неодамна. Толку е вкупната вредност на с$ што македонските граѓани поседувале од финансиски карактер или кога ќе се соберат на купче тоа се парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и државните хартии од вредност.

 

Македонските домаќинства на крајот од минатата година располагале со финансиска актива вредна 5,7 милијарди евра, што е за 7,5% повеќе во однос на 2016 година, покажува Извештајот за финансиска стабилност што го изработува Народната банка на Р. Македонија – НБРМ. Толку е вкупната вредност на с$ што македонските граѓани поседувале од финансиски карактер или кога ќе се соберат на купче тоа се парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и државните хартии од вредност. Се разбира, во оваа сума не влегуваат парите што македонските домаќинства ги чуваат “под перница“.

14fОд овие 5,7 милијарди евра, две третини, или 67,2% се депозити на домаќинствата во банките и штедилниците. Следат парите во приватните пензиски фондови, износ од 946.5 милиони евра, или 16,6% од вкупната финансиска актива, пред акциите во вредност од 513,3 милиони евра на крајот од 2017 година (9%). Готовите пари во оптек кај домаќинствата минатата година изнесувале 341 милиони евра (5,98%) и на крајот според вредноста се полисите за животно осигурување во износ од без малку 69 милиони евра (1,21%). Речиси незначително е учеството на државни хартии од вредност и удели во отворени инвестициски фондови, коишто заедно со полисите за животно осигурување сочинуваат само 1,5% од вредноста на целата финансиска актива на домаќинствата.

Што се однесува на делот на полисите за животно осигурување, во извештајот за 2017 година се зема износот на средствата коишто ги покриваат математичките резерви кај осигурителните компании на соодветниот пресечен датум, за разлика од методологијата што НБРМ ја користеше заклучно со 2016 година, кога животното осигурување беше прикажувано преку износот на договорените осигурени суми и годишните ануитети (вклучувајќи ја и добивката) на полисите за животно осигурување. Токму затоа и вредностите за оваа категорија беа многу повисоки во минатогодишниот преглед на финансиската актива на македонските домаќинства.

 

16fЗголемено штедењето во банките и покрај рекордно ниските каматни стапки

Инаку, финансиската актива на секторот „домаќинства“ во 2017 година растела забрзано, со стапка на раст којашто ја надминува просечната за посткризниот период 2010-2017 година, по нејзиното сведување на историски најниското ниво во претходната години, се вели во извештајот на НБРМ.

“Учеството на финансиската актива во бруто – домашниот производ (БДП) се зголеми. Најголем дел од растот на финансиската актива произлезе од вложувањата на домаќинствата во депозити (54,6%) и во приватните пензиски фондови (36,4%). Придонесот на депозитите на домаќинствата се зголеми при стабилизирањето на очекувањата на овој сектор, откако намалениот придонес на оваа компонента на финансиската актива во претходните години беше предизвикан од неповолните движења во речиси двегодишниот период на политичка нестабилност. Средствата на домаќинствата во пензиските фондови се значајна компонента на финансиската актива, и покрај постојаното забавување на нивниот раст во изминатите пет години и неговото сведување на нивото под 20%. Апсолутната промена на средствата во пензиските фондови во 2017 година е слична како и во 2016 година, кога ја надмина годишната промена на депозитите на домаќинствата. Вложувањата во акции се намалија, што соодветствува со релативно слабата активност на пазарот на капитал во земјата и покрај позитивните движења забележани во 2017 година и зголемените инвестициски алтернативи за домаќинствата со приклучувањето на бањалучката и сараевската берза на платформата СЕЕ линк. Системот СЕЕ линк поддржува тргување на вкупно седум пазари и со над 1.200 хартии од вредност со коишто може да се тргува. “, се вели во анализата на НБРМ за финансиската актива на населението.

Стапката на принос на финансиската актива на домаќинствата се зголемила за само 0,3 процентни поени како резултат на капиталните добивки остварени од вложувањето во акции.
И покрај намалувањето на каматните стапки на денарските и девизните депозити и стапката на принос на вложените средства во задолжителните пензиски фондови, овие компоненти и понатаму имаат значајна улога во дефинирањето на приносот на вкупната финансиска актива на крајот на годината. Анализирано по одделни инструменти, највисока годишна стапка на принос оствариле вложувањата во акции, средствата во задолжителните и доброволните пензиски фондови и уделите во отворените инвестициски фондови. Сепак, во однос на претходната година, нагорно поместување на стапката на принос е забележано само кај вложувањата во акции и средствата во доброволните фондови.

 

14f1Пораснале дивидендите од акции

Во 2017 година, депозитите на домаќинствата растеле забрзано, при малку посилен раст на денарските, во споредба со девизните депозити, што упатува на стабилизирање на очекувањата на домаќинствата и враќање на довербата во домашната валута, велат аналитичарите на НБРМ. На крајот на 2017 година растот на депозитите на домаќинствата во банките достигна 6,2%, наспроти 2,6% во 2016 година. Релативно малиот принос што го нудат депозитните производи може да ги насочат домаќинствата кон потрага на алтернативни начини на штедење, како вложувања во доброволни пензиски фондови, полиси за животно осигурување и удели во отворени инвестициски фондови. При вакви околности и очекувања за натамошно кредитно задолжување на домаќинствата, може да се очекува идно стеснување на финансиската позиција на домаќинствата, односно разликата помеѓу побарувањата од банките (депозитите) и долгот кон банките (кредитите).

Во 2017 година, расположливиот доход на домаќинствата растел забрзано и остварил раст од 4,2%, или 16,5 милијарди денари (околу 268 милиони евра). Растот на приливите главно се поврзува со поволните движења на пазарот на труд, пред сè растот на вработеноста, но и позасилениот раст на просечната номинална плата од 2,6%, што во еден дел се должи на законската одредба за зголемување на нивото на минималната плата, којашто започна да се применува во септември 2017 година. Така, растот на вкупните приливи забрзува поради зголемувањето на средствата на вработените и социјалните трансфери, но за одбележување е и позначителниот раст на доходот на индивидуалните производители како резултат на зголемите исплати на субвенции на производи на тековните сметкиво земјоделството и растот на финалното земјоделско производство. Солиден раст бележат и приходите од дивиденди што се должи на зголемените вложувања на домаќинствата во акции на субјекти коишто исплаќаат дивиденди на своите акционери, како и претежно повисоките исплати на дивиденди во однос на претходната година. Сепак, стапката на раст на приливите е пониска во однос на растот на одливите, што оневозможува повисок раст на расположливиот доход. Поизразеното нагорно поместување на вкупните одливи, иако е побавно од она во 2016 година, се должи на поголемиот износ на придонеси за плати заради зголемениот број вработени лица и растот на персоналниот данок на доход како резултат на повисоките примања остварени од страна на домаќинствата. Давачките кон државата зафаќаат најголем дел од вкупните одливи на расположливиот доход.

МН: Расположливиот доход не ја покрива потрошувачката на домаќинствата

Слично како и основните компоненти на приливите на расположливиот доход, расположливите парични средства на домаќинствата во најголем дел се однесуваат на редовни и повремени примања од работен однос и старосни, инвалидски и семејни пензии. Значително помал дел зафаќаат примањата од постојани или повремени хонорарни активности и нето – примањата од земјоделството. Сепак, позначителниот пораст на нето – примањата од земјоделството (за околу 75%) соодветствува со растот на доходот на индивидуалните производители, забележан кај приливите на расположливиот доход.

Од аспект на потрошувачката, околу две третини од употребените парични средства на домаќинствата се однесуваат на храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки, домување, покуќнина и комуналии. Отплатите на кредити зафаќаат околу 4% од употребените парични средства и бележат раст во однос на претходната година, што ја потврдува зголемената задолженост на домаќинствата.
Динамиката на расположливиот доход го определува капацитетот за штедење на домаќинствата, утврден преку т.н. стапка на штедење, којашто го покажува делот од расположливиот доход којшто ќе остане за штедење, по намирувањето на личната потрошувачка. Веќе извесен период стапката на штедење одржува негативна вредност, што укажува на тоа дека расположливиот доход не е доволен да ја покрие во целост потрошувачката на домаќинствата. Натамошното зголемување на негативната стапка на штедење во 2017 година се темели врз побрзиот раст на личната потрошувачка од растот на расположливиот доход.
(Во следниот број: Колку должат македонските домаќинства)


Како НБРМ го мери расположливиот доход на домаќинствата

Поради недостаток на податок за расположливиот доход во официјалната статистика, од 2007 година Народната банка го изработува расположливиот доход на домаќинствата во Македонија, којшто се ажурира на годишна основа. За дел од компонентите на расположливиот доход за кои не постои официјален податок се врши процена, така што вака утврдениот расположлив доход можеби не е сеопфатен и во неговата структура може да отсуствуваат други компоненти. Расположливиот доход претставува разлика на приливите (средства на вработени, доход на индивидуалните производители, социјални трансфери (пензии, социјална помош, помош за невработени, боледувања), приватни трансфери, каматни исплати од банки, приходи од дивиденди, приходи од авторски права, приходи од имот и имотни права, капитална добивка, приходи од добивки од игри на среќа и други награди, приходи од старо девизно штедење и денационализација, каматни исплати од државни записи и надоместоци на вработени во странство) и одливите (каматни исплати, придонеси од плати за пензиски фонд, здравствен фонд и фонд за вработување, одливи врз основа на приватни трансфери и персонален данок на доход) на домаќинствата. Сите компоненти на расположливиот доход се номинални.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×