Финасиски хаос по Брегзит – фунтата изгуби 10% од вредноста во однос на доларот
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Откако резултатите од британскиот референдум покажаа дека мнозиноството изгласало излез на земјата од Европската Унија, националната валута е во слободен пад.

Утрово фунтата во однос на американскиот долар се спушти и до 1,33 долари, што е пад за речиси 10% и тоа е најниско ниво уште од 1985 година. Во однос на еврото фунтата изгуби 7% вредност, на 1,2085. Истовремено, еврото во однос на американскиот долар падна за 3,3%, што е историски најголем пад во еден ден.

Падот на фунтата е најголем еднодневен пад постигнат на берзите  и се очекува главниот индекс на Лондонската берза ФТСЕ остро да падне на почетокот на тргувањето.

Банката на Англија соопшт дека ќе стори се за да ја зачува монетарната и финансиска стабилност.

Истовремено азиските берзански индекси исто така се на црвено, јапонскиот Никеи 225 изгуби повеќе од 3% вредност, хонконшкиот Ханг Сенг околу 3,5%. Инвеститорите бараат сигурност во златото, чија цена порасна за 3%.

И американските индекси во терминската трговија се во длабок минус, Дау Џонс Индустријалс изгуби повеќе од 5%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×