Финтек фирмите се новата конкуренција на банките
Објавено на од во hi-tech & business

Fintech concept . Icons of financial technology and bank . Light bulb , Infographic , texts and icons. Electric circuits graphic with blue backgroundНови играчи се вмешуваат на пазарот за финансиски услуги во Европа

Банките во Европската унија нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Ова го наметнува новата PSD2 европска регулатива што стапи во сила од 13 јануари 2018-та, а Македонија подготвува регулатива што треба сферата на плаќањата да ја прилагоди со европската пракса.

Банкарска сметка и смартфон отсега е се’ што им треба на граѓаните на ЕУ за да платат сметка, или пак производ или услуга што ги купиле онлајн, да префрлат некому пари и сл., според новите регулативи што во ЕУ почнуваат да важат од оваа година, а Македонија подготвува закон што треба сферата на плаќањата да ја прилагоди со европската пракса. Според новата PSD2 европска регулатива што во ЕУ стапи на сила од 13 јануари 2018-та, банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. финтек (fintech) сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги.

За ова, меѓу другото, се зборуваше и на Конференцијата за платни системи што НБРМ ја организираше пред неколку месеци во Охрид, каде што банкари и регулатори од земјава и цела Европа, зборуваа за предизвиците што ги носи финтек револуцијата.

“Дигиталните технологии претставуваат предизвик за финансиските институции, вклучувајќи ги и централните банки, во смисла на дигиталното банкарство и дигиталните трансформации. Имплементацијата на технологијата на дистрибуирани записи (DLT), особено технологијата на криптографски синџир од блокови (Blockchain), значајно ќе ги промени финансиските пазарни инфраструктури, а и светскиот финансиски систем“, истакна во таа прилика вицегувернерката на НБРМ, Маја Кадиевска – Војновиќ.

Оваа технологија може да ги олесни прекуграничните плаќања, да ја подобри ефикасноста на организациската единица за заднинско работење во врска со тргувањето (бек-офис), да ја отстрани потребата од усогласување на податоците, да го олесни финансиското вклучување и размената на информации, но би можела и да ја намали потребата од, или целосно да ги замени, некои од посредниците на финансискиот пазар.

Facebook, Google и Amazon ќе го сменат лицето на банкарството што го знаеме

Сите овие промени не одат без контроверзии и тешкотии, затоа што банките ќе треба со новите играчи на пазарот да ги споделат информациите за банкарските сметки на своите клиенти и да отворат простор за конкуренција, што отвора предизвици, не само од аспект на загрозување на нивната профитабилност, туку и безбедноста и други фактори.

Во Бугарија, на пример, според пишувањето на софиски Капитал, само 13% од банкарите изјавиле дека се решени да одат во партнерство со финтек компании со цел воведување нови технолошки решенија. Ова го покажала анкетата спроведена меѓу високиот менаџмент на банкарскиот сектор во земјата од страна на норвешката компанија Auka, a во врска со воведувањето на најновата Директива за платежните системи (PSD2).

Според анкетата, околу 40% од бугарските банкари искажале загриженост за влијанието на PSD2 врз нивната организација на услугите. Исто така, над една четвртина од нив сметаат дека големите технолошки компании како Google, Facebook или Amazon, ќе играат клучна улога во менувањето на банкарството од формата каква што сите ја знаеме. Половината од бугарските банкари сметаат дека нивната индустрија ќе помине низ фундаментални промени следните пет години. Според 30% од анкетираните, нивната банка ќе помине низ суштинска промена за да одговори на новите регулативи. Околу 60% очекуваат промените да бидат воведени многу скоро – уште во првата половина од годинава.

Потера по банкарските клиенти

Норвешката Auka, којашто го спроведе истражувањето во Бугарија, е технолошки пионер, и една од првите во Европа што креирала решенија за мобилно банкарство. Во моментов Auka предлага целосна независна платформа за платежни решенија на меѓународните банки за мобилни плаќања, услуги за трговци и други иновативни решенија. Тие ја користат Google Cloud платформата, за да менаџираат одржлива платформа за финансиски услуги, коишто може да опслужат непрестајно растечки обем на мобилни трансакции.

“Ќе бидеме сведоци на вистинска потера по банкарските клиенти од страна на технолошките компании. Кога една компанија има стотици илјади или милиони клиенти, коишто ги користат нејзините платежни услуги, таа може лесно да генерира приходи од провизии за трети страни, нови финансиски услуги или од продажба на маркетинг информации на други компании“, коментира Даниел Дјудерлаин, извршен директор на Auka.

Според него, за да може традиционалните банки да се конкуренти на новите играчи на пазарот, тие ќе треба да ги сменат своите бизнис модели и да креираат иновативни платежни решенија, коишто се барани од корисниците.
“Банките сè уште имаат предност пред Facebook, на пример, тие знаат како да управуваат со плаќањата и сигурноста. Она што им недостига во моментов, е разбирање за новите технолошки можности што се на видикот“.


Два вида на нови компании за платежни услуги

Businessman Checking DataДо овој момент, само банките имаа пристап до информациите што се содржат во банкарските сметки на нивните клиенти и можат да располагаат со нив. Според правилата на PSD2, најновата верзија на ЕУ регулативата за плаќања, и клиентите ќе може да “тргуваат“ со овие информации, на пример, да ги споделат со трети компании, коишто за возврарт ќе им понудат поевтини платежни услуги или разни поволности при купување.
Со новите правила всушност се создаваат два нови типа на субјекти, коишто може да извршуваат платежни услуги. Едните се компании што ќе имаат пристап до информациите од банкарските сметки. Тие ќе може да ги анализираат навиките за штедење или трошење на имателите на овие сметки и ќе им пружаат услуги за оптимизирање на своите лични финансии, на пример. Вториот тип се компании што ќе може да иницираат плаќања. На пример, ако некој сега сака да направи евтин меѓународен трансфер на пари со популарниот сервис Transferwise, парите мора прво да се префрлат до нив, а потоа до крајната дестинација. Со новите правила, Transferwise ќе може да развие продукт што директно го врзува со банкарската сметка на клиентот и ќе нареди плаќање наместо него. Овие компании може да бидат од финтек секторот или други банкарски институции.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×