Фитофарм ја поддржа иницијативата, 3 месеци скратено работно време после породилно отсуство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Фитофарм е првата фармацефтска компанија која што се пориклучи на иницијативата за дополнителни три месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство.
30 years FITOFARM logo-01Фармацвтската компанија Фитофарм од денес со дополнителни бенефиции за своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Сите вработени кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш), следните 3 месеци ќе може да работат со скратено работно време.
“Со задоволство се приклучуваме на иницијативата за воведување на скратено работно време во траење од 3 месеци за вработените кои користеле отсуствоод работа поради бременост, раѓање и родителство. Веруваме дека грижата и негувањето на односите со нашите вработени овозможуваат успешна тимска работа и резултати. Родителството како приоритет во животот на многу млади луѓе претставува среќен, но деликатен процес особено после враќањето на своите работни обврски. Ние ги поддржуваме и охрабруваме младите мајки да имаат што поорганизирано квалитетно време поминато со своите најмили.” – изјавија сопствениците на компанијата.
Оваа реформа е од голема важност за компанијата бидејќи од вкупно 68 вработени 75% се жени. Фитофарм е компанија која оваа годинa бележи јубилејни 30 години постоење и негување на меѓусебни односи со вработените.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×