ФИТР го презентираше повикот за комерцијализација на иновации
Објавено на од во Економија
Бизнис секторот од штипските мали и средни претпријатија, но и претставници од високообразовни институции денеска беа дел од презентацијата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), кој има отворен повик.
fond-za-inovacii-foto-e1527841532532Тања Илиевска претставник од Фондот за иновации вели дека имаат за цел да ја поттикнат соработката меѓу компаниите, но и меѓу компаниите и научно-истражувачките институции.
„На овој повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации можат да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија и за првпат оваа година можат да аплицираат и приватни здравствени установи. Еден од критериумите е да бидат доминантна македонска сопственост, да бидат регистрирани согласно Законот за трговски друштва, да имаат приходи до десет милиони евра годишно и бројот на вработени да не надминува од 250“, вели Илиевска.
Таа додава дека за овој инструмент ова е прв повик за годинава, а втор досега. Интересот за него е исклучително голем за овој повик, кој трае до 15 мај. Илиевска забележа дека веќе имаат над 1.000 преземања на потребната документација за аплицирање. Денешната презентација се организираше од страна на Фондот за иновации, бизнис центарот на Центарот за развој на Источен плански регион и на регионалната стопанска комора-Штип.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×