ФИТР: Шеесет и три училишта во финалето на „Предизвик за млади истражувачи 2“
Објавено на од во Економија
Шеесет и три основни и средни училишта влегоа во финалето на „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации и технолошки развој кое се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.
Baner-3x56-metri-odbran-021 Тимовите на учениците од 38 основни и 25 средни училишта два дена јавно ги презентираат своите проекти пред комисијата составена од претставници на МОН, Бирото за развој на образование, ФИТР, универзитетски професори и партнерски организации.
„Финансирајќи вакви проекти имаме прилика да инвестираме во вас и да ве поттикнеме да истражувате и да дојдете до нови сознанија. Верувам дека овде со нас се идните претприемачи кои ќе придонесат за развој на оваа земја“, порача Катарина Кречева, раководител на одделение за креирање програми во ФИТР.
Таа нагласи дека се пристигнати квалитетни предлог проекти од разни краеви на земјата и оти комисијата ќе има тешка задача да ги избере најдобрите.
Расположливиот фонд за овој предизвик изнесува 2.500.000 денари. За најуспешните истражувачи се предвидени награди во две категории: Научно-истражувачки проекти во основното образование и Научно-истражувачки проекти во средното образование. Еден предлог проект може да биде награден до 300.000 денари. Исто така се предвидени награди од дополнителни 30.000 денари за наставниците ментори наменети за обуки, семинари, конференции кои што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.
Инаку во рамки на „Предизвик за млади истражувачи 2“ се пријавија 88 основни и средни училишта од цела Северна Македонија. Предизвикот беше отворен од 01 февруари до 31 март 2019 година со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите во нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта во Северна Македонија.
Најдобрите основни средни училишта, добитници на награди на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ ќе бидат објавени на 9 јуни, на голем настан во Градскиот парк во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×