Флоријан Бибер: ЕУ ќе мора да се справи со членките што не се демократии
Објавено на од во Интервју

bieber_david-043r13x18Флоријан Бибер
универзитетски професор и политички истражувач

Брзината и природата на преговорите ќе зависи од двете страни, Европската Унија од една и земјата преговарач од друга, но преговарачката рамка како документ секако претставува водич за тоа како ќе изгледа целиот процес, вели професорот за историја и политика на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер во разговорот за Капитал

 

Какво значење има преговарачката рамка во однос на процесот на пристапни преговори? Што ќе претставува овој документ за нас?
Рамката овозможува одредена мапа, тоа е патоказ и дадена процедура со оглед на претходните искуства и поглавјата. Она што е интересно сега е новата методологија и треба да видиме како тоа ќе биде имплементирано во практика. Затоа, овој документ е важен и да видиме како ќе биде процесот различен од претходните процеси на пристапување. Се разбира дека брзината и природата на преговорите ќе зависи од двете страни, Европската Унија од една и земјата од друга, но овој документ секако претставува водич за тоа како ќе изгледа целиот процес.
Една од главните причини за задоцнетото зелено светло во однос на нашата земја, покрај новата методологија беше и стравот на одредени земји членки дека пуштањето на Македонија напред, без Албанија може да биде лош знак за стабилноста на регионот. Дали и во процесот на преговори ќе ја имаме Албанија во нераскинлива група па реформите на едната земја ќе бидат непризнати, ако другата затајува?

Тука дилемата не е за самиот тек на преговорите, туку за одлуката за прием. Кога преговорите се почнати, мислам дека нема да се оценуваат земјите заедно, но дали ако Македонија покаже брз успех и ја надмине не само Албанија, туку и Србија и Црна Гора, дали ќе биде примена пред сите нив, тоа ќе зависи од волјата на самата ЕУ.
Мислам дека откако процесот ќе почне, ќе си добие своја динамика и брзина и дека сега тоа групирање со Албанија е веќе минато, во смисла на фактот што двете земји кандидати добија зелено светло, но дури и самата рамка е различна, затоа што кога на Албанија и’ се даде зелено светло во март, и’ беше кажано дека има услови што дополнително треба да се исполнат, а и двете земји ќе преговараат одвоено.
Тука клучното прашање е дали овие две земји на крајот на процесот ќе се приклучат заедно кон ЕУ или ќе има јаз меѓу напредокот на двете па ќе мора да се приклучат одвоено. Но, што се однесува на самиот процес на преговори, не мислам дека ќе се оценуваат заедно. Она што е важно за Северна Македонија е како ќе се одвива приклучувањето. Во процесот на преговори, ако Северна Македонија покаже напредок, може да ја надмине Албанија ама и да ги „престигне“ и Србија и Црна Гора. Ова сето се разбира зависи од самата Влада и преговарачкиот капацитет и од волјата на Европската Унија не само да започне преговори, туку и да ги заврши. Но, се разбира, ова е години нанапред.
Мислам дека самата ЕУ во суштина единствено може да преживее само ако функционира како демократија базирана на владеење на правото и заеднички правила и ова мора да е битка на оние кои се борат за демократија оти во спротивно ЕУ ќе престане да постои, барем како таква каква што ја знаеме. Тука е Орбан, Качински и некои други критични, но мислам дека мнозинството земји во Европа функционираат врз принципот на владеење на правото. Прашањето во годините што следат ќе биде не како да се справи ЕУ со проблемите околу проширувањето туку со оние земји членки кои не ги почитуваат законите. Луѓето постојано зборуваат дека ЕУ е мртва и во криза, секоја година, и тоа е доказ дека ЕУ е жива.
Каков може да биде капацитетот за проширување и каква е позицијата на овој процес денес, ако се има предвид дека и покрај скептиците, новата методологија имплементирана и во самата преговарачка рамка треба да даде токму сигнал оти ЕУ треба да го заврши своето комплетирање?
И за Северна Македонија и за регионот има неколку работи, прво важно е дека процесот не е завршен, продолжува и не е само симболичен. Важно беше во март да се даде зелено светло после фрустрацијата што беше и за Македонија и за Албанија и за цел регион, од проблематичната одлука пред се’ на Франција и сега реалноста е дека има процес.
Исто така ова е охрабрување и порака дека проширувањето како процес не е мртво. Исто така мислам дека проширувањето е мора да се смени. Јас иако бев многу критичен кон одлуката на претседателот Макрон таа извади на виделина многу проблеми. Преговорите со Србија и со Црна Гора не се одвиваа како што треба, значи процесот на пристапување не даваше резултати, а двете земји назадуваа во владеењето на правото и демократијата. Затоа процесот мора да биде охрабрувачки и критички. Треба да прати сигнал дека има перспектива, дека Северна Македонија може да се приклучи кон ЕУ, но доколку Владата не прави тоа што треба, не спроведува реформи тогаш ќе има застој во процесот, не поради Франција или Холандија или Данска, туку затоа што Владата не прави тоа што треба. И се надевам дека новиот процес ќе оди во оваа насока. Се разбира, се’ уште има скептици во ЕУ, па секоја влада во регионот треба да направи специјални напори за да ги разубеди нив и да ги информира земјите членки за тоа какви напори се преземаат за да се спроведат потребните реформи.
bieber_david-035r13x18Во однос на актуелните дебати полни со гласови на антиевропски сили кои сметаат дека Унијата е проект без иднина. Како гледате на тоа?
Знаете Европската Унија има… луѓето зборуваат за смртта на ЕУ и нејзината криза откако ЕУ постои. И тоа е добар знак, значи дека е жива.
Луѓето се грижат, но мислам дека ЕУ е нестрплива да решава кризи. Не е тоа секогаш елегантно или грациозно, но функционира.
КОВИД кризата беше тешка на почетокот, но на крај сите сфатија дека не ни треба помалку, туку токму повеќе ЕУ за да се справиме со криза како оваа пандемија.
Навистина не мислам дека некој сериозно размислува за напуштање на ЕУ. Нема Фрегзит или нешто слично или напуштање на ЕУ.
Мислите дека тие процеси се веќе завршени?
Да. Тоа што ќе следува се битки внатре во самата ЕУ и дебати за тоа што всушност ЕУ треба претставува и некои земји членки на пример како Унгарија сметаат дека владеењето на правото и демократијата можат да бидат теми на преговори што е контрадикторно на самиот Договор кој јасно вели дека демократијата и владеењето се основни принципи и тука нема разговори.
И ова се дебати што сега се водат и треба да видиме како ќе се развиваат. Мислам дека самата ЕУ во суштина единствено може да преживее само ако функционира како демократија базирана на владеење на правото и заеднички правила и ова мора да е битка на оние кои се борат за демократија оти во спротивно ЕУ ќе престане да постои, барем како таква каква што ја знаеме. Тука е Орбан, Качински и некои други критични, но мислам дека мнозинството земји во Европа функционираат врз принципот на владеење на правото. Прашањето во годините што следат ќе биде не како да се справи ЕУ со проблемите околу проширувањето туку со оние земји членки кои не ги почитуваат законите.
И таа разрешница нема да биде лесна. Полесно е да прифатите членка затоа што знаете дека има начин како да се справите со Влада која оди назад или го крши владеењето на правото или е помалку демократска. Полесно е да кажете ајде ќе ве примиме оти имаме начини како тоа да го решаваме. Сега земјите како Франција велат – не, се’ мора да биде решено пред влез, оти кога веќе сте внатре нема што да се стори. И затоа е потешко за Северна Македонија или Албанија оти никогаш не можете да обезбедите таква гаранција, тоа е невозможно, ниедна земја во светот не може да гарантира дека секогаш ќе биде демократска и ќе функционира врз принципите на владеењето на правото. ЕУ мора да го надмине овој проблем пред успешно да може да се проширува, но се разбира, сметам дека двата процеси можат да се одвиваат истовремено.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×