Фолксваген и Фиат Крајслер се соочуваат со казни поради штетни гасови
Објавено на од во Економија
Производителите на автомобили Фолксваген и Фиат Крајслер би можеле да се соочат со казни во висина од 1,83 милијарди евра, односно 746 милиони евра, ако не ги намалат емисиите на штетни гасови во согласност со поставените цели на Европската унија за 2021 година, пресметаа во консултантската компанија „Аликс Партнерс“.
vw fiatНајновата студија на консултантската фирма покажува дека производителите на автомобили тешко дека ќе ги исполнат европските правила за намалување на просечната емисија на штетни гасови во возниот парк на патнички автомобили на 95 грама јаглерод диоксид по километар до 2021 година.
Во „Аликс Партнерс“ ја проценуваат висината на потенцијалните казни врз основа на нивото на емисии пријавени од страна на производителите на крајот на 2017 година. Во меѓувреме, големите производители ги намалија емисиите на јаглерод диоксид со зголемување на продажбата на електрични и хибридни возила.
Фолксваген велат дека тие планираат да се прилагодат на европските правила, додека Фиат Крајслер најави дека ќе користат најевтина опција со цел да се усогласат со правилата што вклучува и можно плаќање парични казни.
Меѓу големите компании за производство на автомобили, казни не им се закануваат само на Волво и на Тојота кои можат да продадат свои неискористени кредити за емисиите на штетни гасови на други производители, покажа анализата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×